Saturday, 03 December 2011 13:44 Музика

Јулија Волкова, бринетата од рускиот бенд t.A.T.u. се враќа на музичката сцена како соло артистка.


Вчера, на 2 декември, премиерно беше прикажано првото видео на Јулија Волкова, за нејзиниот прв сингл All Because Of You од нејзиниот прв соло албум.

Откако Лена Катина, другата девојка и вокал од бендот t.A.T.u., ја раскажа својата страна на приказната, Јулија мисли дека е единствено фер и таа да каже што мисли за целата работа.



Бендот официјално се распадна пред само неколку месеци, откако Јулија ја нарече соло кариерата на Лена „чиста глупост“ и ја предупреди дека ако продолжи сама „ќе исчезне заборавена засекогаш“.

Јулија отсекогаш важеше за побунтовна, меѓутоа во својата нова песна таа вели дека сите работи што ги направила и што ги прави ги прави токму за Лена, давајќи и до знаење дека и таа жали за нивните прекинати односи.



Иако звукот е на соло синглот на Јулија е малку поинаков од звукот на t.A.T.u., таа за разлика од Лена е поверна на оригиналната идеја на бендот.

Со лезбејски и секси сцени, јасно е дека Јулија сака да го привлече вниманието на начин на кој го направи самиот бенд.



Многу фанови спотот го оценуваат речиси како идентичен со спотот за песната 30 Minutes, кои Јулија и Лена го снимија во далечната 2003 година, во кој Јулија е љубоморна на Лена и нејзиниот дечко, па се одмаздува разнесувајќи ги во воздух.

Јулија се уште се нема јавно огласено за тоа што мисли таа за целата работа со распадот, меѓутоа оваа песна многу кажува.



Погледнете го официјалното музичко видео.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...