ВИЦ

(Кумановски виц) Прашуе учителка ученици:
- Знаете ли како сте дошле на свет?

Едно дете вика:
- Мене ме купиле мама и тато од продавницу!

Друго вика:
- Мене штрк ме донеја дома!

Циганче вика:
- Тато е толко сиромашан што мораја сам да не прави.


ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Wednesday, 19 October 2011 07:42 Шоу Бизнис

Едната половина од руското дуо t.A.T.u. прозборе за распадот на бендот и нејзините планови како соло-артист...


Името Лена Катина можеби не ви значи ништо, но на контроверзното руско дуо t.A.T.u. сигурно се сеќавате. Јулија и Лена, девојки од Москва, во 1999 година со Иван Шаповалов го создадоа дуото t.A.T.u. кое ја разбранува јавноста со лажниот имиџ на лезбејки.

Меѓутоа, од тогаш веќе поминаа 12 години, и Лена повеќе не е 16 годишно бунтовно девојче, туку вистинска жена од 26 години која сака да се сконцентрира на поважни работи во животот.

Во интервју со списанието Viva! таа зборува за своите планови како соло артист, и за тоа зошто дошло до распаѓање на t.A.T.u..



„Затоа што стана невозможно да работиме една со друга. Не сакам да ги изложам сите валкани работи пред јавноста, но и двете си имавме своја причина, а и бевме уморни една од друга“, вели Лена во интервјуто.

Понатаму таа продолжува и вели дека Јулија секогаш била онаа доминантната и која диктирала што и како ќе се прави на сцената, а Лена се изгубила под влијанието на нејзината пријателка.

„Навистина зависев од неа и не можев да се замислам како самостолен артист. Моето срце полудуваше кога ќе се замислев сама на сцената. Дури и сега не можам да кажам дека сум 100% опуштена на сцената.“



Непосредно пред распадот на бендот, Лена дури побарала помош од психолог затоа што почнала да губи тежина, не спиела и не јадела како што треба, па мајка и се загрижила.

„Пред распадот заминав во САД за да работам на мојот соло проект. Тогаш поранешните музичари од нашиот бенд t.A.T.u., ми предложија сама да си ги пишувам песните. Со Јулија не напишавме ниту една единствена песна додека бевме во t.A.T.u., а сега или ги пишувам сама или сум барем ко-автор на песните. На тој начин мојата музика е многу полична. На тој начин сакам да се изразам себеси како уметник.“

Доказ за тоа е и нејзиниот прв сингл од нејзиниот нов албум кој моментално е во подготовка. Never Forget е песна со која таа става точка на еден период од нејзиниот живот кој никогаш нема да го заборави, но сепак за неа веќе е мртов. Видеото по неговата премиера во август предизвика доста контроверзии во Русија и поранешните социјалистички земји.



Таа исто така ја сними заедничката песна со бендот Belanova, насловена како Tic Toc.

Лена открива дека во моментот нема планови за формирање на семејство, затоа што сака да се фокусира на својата кариера, но дека има дечко со кој работите се прилично сериозни, но, како што вели таа „не сакам да ги избрзувам работите. Сега засега нема ништо, но кој знае што ќе се случи утре, по еден месец или по една година?“

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...