Monday, 30 May 2011 13:28 Здравје

Главоболката е многу честа појава која ги погодува и старите и младите. Тоа е најчест облик на болка кој се случува речиси секојдневно, а не сме ни свесни дека предизвикувачите се наоѓаат насекаде околу нас. Ова се 6-те најчести предизвикувачи на главоболка од кои лесно можете да се ослободите...

1. Таблети
Таблетите против болки можат да ви ја олеснат и да ве ослободат од главоболката, но исто така токму тие можат да бидат предизвикувачи за истата. Преку умереното или редовното земање на лекови за главоболка по некое време преминува во навика и вашето тело веќе не ги препознава.



2. Кафе

Преголемите количини на кафе можат да ја спречат главоболката, но и да ја зголемат. Две шолји кафе дневно, една наутро и една по ручек или вечера е оптимална количина до која би требало да се придржувате.

3. Шеќер во крвта
Приликите како што се празниците или родендените најчесто поминуваат со богата трпеза и многу колачиња и други слатки работи. Премногу благо и јаглехидрати со многу малку протеини можат да предизвикаат силни главоболки. Зголеменото ниво на шеќер во крвта е еден од најчестите предизвикувачи на главоболка, па затоа бидете умерени.



4. Храна
Постои храна која е силен предизвикувач на главоболка. Кикиритки, црно вино и чоколадата се познати предизвикувачи на болки поради големите количини на аминокиселини и тирамин. Исто така, месните преработки како што се виршлите, колбаси и разни салами можат да предизвикаат главоболки.

5. Дехидрација
Дали некогаш сте се нашле на работно место и во текот на денот да ве фати страшна главоболка? Најчест предизвикувач е дехидрацијата. Оние кои се љубители на кафето треба да пијат повеќе вода затоа што кафето се силен диуретик. Имајте пред себе шишенце од пола литар вода и пијте во текот на целиот ден.



6. Мириси
Иако пријатните мириси се многу примамливи, тие можат и тоа како да предизвикаат непријатна главоболка. Силните мириси на парфеми, цвеќиња, свеќи, сапуни или лосиони можат да предизвикаат главоболка, па токму поради тоа избегнувајте ги силните ароми, посебно во затворен простор.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...