Monday, 30 May 2011 10:05 Здравје

Со зголемување на нивото на „добар“ холестерол во крвта не се намалува ризикот од срцеви болести кај пациентите кои земале статини за намалување на „лошиот“ холестерол, се потенцира во опширна студија која по ваквите оценки е прекината...


Американскиот национален институт за срце, бели дробови и крв (NHLBI) кој ова истражување го спровел од 2006 година во Соединетите Американски Држави и Канада на повеќе од 3400 луѓе постари во просек од 64 години, истакнува во соопштението дека студијата ја прекинале пред завршетокот планиран за 2012 година.
Во текот на 32 месеци следења, половина од пациентите добивале зголемена доза на нијацин (витамин B3) за зголемување на прениското ниво на „добар“ холестерол (HDL) и стандардна доза на статин за намалување на „лошиот“ холестерол (LDL). Другата половина со прениско ниво на „добар холестерол“ добивала, покрај статинот, плацебо наместо нијацин.

Професионалците од NHLBI заклучиле дека спојот на нијацин - кој навистина го зголемил „добриот“ холестерол - и статин, на нивно големо чудење, воопшто не влијаело на стопирање на срцевите болести (со и без смртен исход), мозочните удари и хоспитализацијата поради акутен срцев синдром или постапка на реваскуларизација.
Иако намалувањето на „лошиот“ холестерол со помош на статин го намалува кардиоваскуларниот ризик, што покажале бројни истражувања, зголемување на холестеролот HDL не го намалува тој ризик, заклучиле научниците.

Се проценува дека секој седми американец има превисок „лош“ холестерол, што е главен ризик за срцевите болести од кои во САД секоја година умираат по 800.000 луѓе.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...