Saturday, 16 April 2011 02:37 Здравје

Држењето диета може да биде многу напорно и фрустрирачки, а најголемата причина е токму гладот кој можеме да го чувствуваме преку речиси целиот ден. Ако сте гладни и одвај го чекате ручекот или вечерата за да се натоварите со храна, обидете се да го излажете желудникот со овие здрави, заситувачки и нискокалорични намирници...


1. Ореови плодови
Ореовите плодови како бадемите, лешниците, кикириките и оревите содржат здрави маснотии кои мораат да се конзумираат дури и за време на држење на диета.
Изедете една шака од овие вкусни грицкалки 20 минути пред оброкот и вашиот глад ќе се преполови и со самото тоа ќе изедете помалку од главниот оброк. За ваков начин на убивање на гладта ви требаат само 70 калории ореово овошје што би било 6 лешници, 12 бадеми и 20 кикиритки.



2. Суви сливи
Иако веќе не е во мода како некогаш, сувото овошје е полн погодок кога станува збор за убивањето на гладта, односно внесување на помала количина храна. Истражувањата покажале дека конзумацијата на суви сливи пред оброкот го намалува внесот на калории дури до 6%.
Сувите сливи го намалуваат гладот на три начини: мораат долго да се џвакаат, а со тоа му праќаат информација на мозокот дека доаѓа храна која пружи чувство на ситост; подолго се задржуваат во желудникот, што значи дека многу бавно се варат; со џвакање на суво овошје постепено се ослободува шеќер во крвта кој дава енергија и исто така чувство на ситост.

3. Млеко во прав
Млекото со помалку маснотии е богато со калциум и е совршено средство за убивање на гладта. Наместо да посегнете по овошен или газиран сок, подобро пред оброкот испијте чаша млеко и во организмот сте внеле 8.5% помалку калории.

4. Овошје и зеленчук
Ова е храна која можете да ја јадете помеѓу секој оброк без разлика дали сте на диета или не. Оброкот започнете го со неколку парчиња јаболка или со зелена салата зачинета со оцет и маслиново масло.
Со ваков „предоброк“ во организмот ќе внесете дури 15% помалку калории од вообичаениот ручек без „предоброк“. Овошјето и зеленчукот се богати со вода, па моментално ќе ве засити и со тоа ќе изедете многу помалку.



5. Супа

Традиционалната топла супа пред главното јадење убаво ќе ве стопли, но и ќе ве засити. Докажано е дека со конзумација на вкусна супа од месо и зеленчук ќе изедете дури до 20% помалку храна.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...