Tuesday, 29 March 2011 04:28 Здравје

Одржувањето на основната хигиена е приоритет не само поради нашиот сопствен имиџ, туку првенствено поради здравјето. Доколку редовно се тушираме, ги миеме забите и ги чистиме со конец, нашето тело сигурно ќе биде чисто и како такво ќе има мирис кој е специфичен за секој од нас. Но, доколку имате проблем со еден од трите телесни мириси ви ги презентриаме триковите како да ги елиминирате...


1. Здив
Привот чекор кој ќе го направиме кога ќе почувствуваме непријатен здив од устата е гума за џвакање со вкус на ментол или водичка за перење на устата. Гумата за џвакање само привремено ќе го камуфлира мирисот, а бидејќи поголемиот број на водички за перење на устата со ментол во себе содржат алкохол, со нив можете премногу да ја исушите усната шуплина и така да ја оневозможите доволната количина на плунка за природно чистење.

Решение: Со четкичка не ги чистете само забите, туку и јазикот. Според истражувањата на Универзитетот во Њујорк оние кои една минута покрај забите го чистеле и јазикот имале 53% помалку состојки во усната шуплина кои предизвикуваат лош здив. Ќе помогнат и оние водички за исперување кои во себе содржат антибактериски состојки како хлорохексидин, цетилипидиниум хлорид и цинк.



2. Пазув
Мирисот на потта е резултат на различни фактори, како стрес, храна и хормонални промени. Сетоа тоа влијае на бактериите собрани под пазувите кои во комбинации со воздухот ја разградуваат потта и ја претвараат во млечна киселина со непријатен мирис.

Решение: Мијте ги пазувите со антибактериски сапун два пати дневно. Потоа добро исушете ги и на нив нанесете антиперспирант. Доколку непријатните мириси и понатаму се чувствуваат нанесете антибиотска крема која во себе содржи клиндамицин или еритромицин. Мирисот на пот секако ќе биде ублажен и со намалувањето на внесување на одредени намирници како што е лукот, маринарните риби и оцетот.



3. Меѓуножје

За мирисот на гениталиите најчесто се одговорни хормоните и нивните промени што настануваат во организмот. Со непостојана хигиена на половите органи, можете да се изложите на некоја непосакувана инфекеција.

Решение: Не миејте го тој дел од телото со гелови за туширање затоа што така ќе ја промените рамнотежата на кожата во тој дел. Вода и лесен интимен гел за туширање би требало да бидаат доволни. Добро измијте и исушете со крпа и носете памучна долна облека барем дома, а додека спиете избегнувајте ги гаќите.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...