Tuesday, 22 March 2011 18:03 Здравје

Намалена концентрација, брзо изморување, често презевање и постојана потреба за сон во текот на денот се најчести симптоми на пролетен умор. Спаѓате ли и вие во оваа бројна група, прочитајте ги советите кои следат и разбудете го своето тело и ум...


Од пролетниот умор боледуваат и стари и млади, а причината за вакво инертно и безволно однесување се крие во едноличната и калорична зимска исхрана со која ја чуваме енергијата за време на ладните денови.

Но, време е да се тргнете и да направите нешто добро за вашето тело, а решението се крие во витамините и минералите.
Недостатокот на витамин C е заслужен за намаленото користење на кислород во организмот, што доведува до паѓање на имунитетот, а покрај сето тоа посклони сте на пролетни вируси.

За среќа, таквите тешкотии би требало да исчезнат брзо, и тоа ако во вашиот организам внесете доволно од тој важен витамин.

Еве неколку важни промени кои едноставно морате да ги направите ако сакате безболно да поминете низ периодот на пролетниот умор.

1. Одете на спиење порано отколку обично.
Кога ќе се разбудите, избегнувајте да лежите во креветот и веднаш разбудете го вашиот заспан организам.

2. Нахранете го телото со здрав појадок.
Со оглед на тоа дека само овошјето не е калоричен оброк, со јаболко или банана уште испечете си тост со маргарин или мармелад или искомбинирајте ги житариците со јогурт.

3. Не заборавајте го ручекот.
Најадете се како што треба, но имајте што повеќе зеленчук во менито. Се препорачуваат зрнестите плодови кои можат да се припремат на различни начини. Избегнувајте мрсна храна.

4. Обидете се да вежбате или да се движите барем половина час дневно.

Искористете го убавото време за попладневна или вечерна прошетка со партнерот или со пријателите. Тоа секако ќе го разбуди вашето тело што веднаш ќе го почувствувате.

5. Засилете ја циркулацијата.
Тоа ќе го постигнете со наизменично туширање со ладна и топла вода. После тоа добро истријте го телото со пешкир и тоа со силни потези од екстремитетите кон срцето.

6. Пијте многу течности.
Пијте многу течности, а најмногу вода. Ако сакате сокови, подобро посегнете по лимонада или по некои други природни сокови.

7. Излезете од дома.
Излезете од дома и обидете се колку што може поголем дел од слободното време да го поминете во природа или барем на сонце. Сонцето на нашето тело ќе му пружи многу корисен витамин D.

8. Разбудете го вашето расположение со мириси и свеж воздух.
Отворете ги прозорците и освежете го вашиот дом со свежо цвеќе. Мирисите влијаат на човечкото тело и расположение, затоа вдишете ги првите денови на пролетта со полни гради.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...