Friday, 18 March 2011 14:46 Здравје

Иако постојат безброј трикови и ви се чини дека ниту еден не делува, обидете се со еден од овие едноставни и брзи решенија за еднаш и засекогаш да се ослободите од икањето...


1. Лажичка шеќер
Грубите зрнца шеќер ќе го надразнат хранопроводот и ќе ги натераат мускулите во градниот кош да „проработат“ и да го сопрат икањето.

2. Нешто кисело или многу зачинето
Храната како што е оцетот или чилито ќе ги надразнат чувствителните клетки на јазикот и ќе ја покренат работата на неговите мусули кои влијаат и на мускулот на хранопроводникот и градниот кош, па ќе ги запрат неговите стимули кои предизвикуваат икање.

3. Дишење во вреќичка
Ставете ја вреќичката на устата и неколку пати во неа вдишете и издишете. На тој начин ќе се зголеми нивото на јаглероден диоксид во крвта и ќе ги поттикне мускулите на градниот кош на зголемено работење за да го надокнадат кислородот.

4. Сркање

Иако е иритантно, побезболно е од икањето. Затоа, ако сакате да престане икањето, сркнете длабоко неколку голтки вода затоа што така најдобро ќе го засилите делувањето на мускулите во градниот кош.

5. Копра
Иако е бизарно, џвакање на зачинот копра делува на тој начиш што семките ги стимулираат нервните клетки и така влијаат на престанувањето на икањето.

6. Мед
Ставете лажичка мед на дното на јазикот. Како и копрата, тој ќе ги надразни мускулите на хранопроводот и на градниот кош и икањето ќе престане за неколку секунди.

7. Чоколаден намаз

Освен тоа што ќе уживате во вкусот, чоколадниот намаз и тоа како ќе ги активира мускулите на јазикот и дишните патишта поради тежината на голтањето, што ќе влијае на прекинувањето на икањето.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...