Friday, 11 March 2011 15:06 Здравје

Во морето трикови со кои ќе се обидете да го излажете огранизмот така што во него ќе внесете колку што може помалку калории, постојат и неколку што навистина функционираат. Прочитајте, насмејте се, одмавнете со раката и потоа размислете за нив повторно. Вреди да се проба!


1. Јадете кикиритки ф’стаци во лушпа
Кикиритките и ф’стаците се грицки на кои тешко можеме да им одолееме, па кога ќе ве фати глад посегнете по оние во лушпи. Истражувањето покажало дека луѓето кои уживаат во тие грицкалки два пати неделно се помалку склони кон дебелеење од оние кои ги избегнуваат. Бидете мудри и јадете кикиритки и ф’стаци во лушпа, затоа што ќе изедете 50% помала количина, а ќе го имате истото чувство на ситост и ќе бидете задоволни.

2. Дозволети се вечерен маникир
По вечерата дозволете си маникир, а потоа нанесете лак за нокти. Тоа ќе ве спречи да ја пикнете раката во ќесичката со чипс или да посегнете по некакви други грицки и да внесете вишок калории во организмот.

3. Сецкајте ја храната на мали парченца
Порцијата храна во чинијата сецкајте ја на колку што може помали парчиња. Така ќе се излажете сами себе затоа што ќе ви се чини дека имате повеќе. Откако ќе го завршите оброкот ќе се чувствувате сито.



4. Мерете се секојдневно
Иако ова не е најдобра препорака, ќе ви помогне да престанете по посегнувањето по грицки, а со тоа и од внесување на вишок храна во организмот. Доколку бројката на вагата ви боде очи, секое утро проверете си ја состојбата и ќе јадете помалку.

5. Вклучете зрнести зеленчуци во прехраната

Здрави се, ќе ви го забрзат варењето и богати се со омега 3 масни киселини. Ставете ги во јогурт или додајте ги во чинијата со житарици за појадок. Одлични се и во густи супи од зеленчук или во сендвич.

6. Носете фармерки
Истражувањето спроведено на универзитетот во Висконсин покажало дека луѓето кои на работа доаѓаат во фармерки дневно прават 491 чекор повеќе од оние кои одат во сукни или обични панталони. Вреди да се проба!



7. Измијте ги забите веднаш по јадењето
Ако ги употребите четкичката и пастата веднаш по оброкот полесно ќе им одолеете на грицките, а вкусот на мента во устата ќе го намали чувството на глад.

8. Оддалечете се од храната
На разни забави или дружења на кои се послужува храна обидете се што е можно повеќе да се оддалечите од масите со храна. Доколку стоете веднаш до нив ќе ја користите секоја шанса да грицнете нешто, а во спротивно ќе се впушитите во удобни разговори. Далеку од очи, далеку од уста!

9. Користете вага за мерење храна
Сигурно имате во својата кујна, па искористете ја за да добиете вистинска слика за тоа колкава количина намирници внесувате во организмот.

10. Наместо по чипсот, посегнете по телефонот
Кога ќе ве фати депресија, посегнете по телефонот и јавете и се на сестра ви или на пријателката. Тоа ќе се покаже како многу подобар потег од пустошење на кујнските полици на кои ги чувате слатките работи и грицките.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...