ВИЦ

Маж и жена се возат со часови во автомобил, по една голема караница не зборуваат еден со друг. Така возејќи се минуваат низ некое село.Во дворот на една куќа здоогледуваат две свињи како се прпелкаат во калта.Мажот со кренат нос: - Еј види, изгледа некои твои роднини? А жената мртва-ладна: - Да, свекорот и свекрвата.

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Tuesday, 08 February 2011 04:19 Здравје

Едноставни и мали промени во секојдневниот живот можат да ни помогнат во сето тоа што го знаеме за диетите и губењето килограми да го примениме на вистински начин и да уживаме во плодовите...

Доколку, баш како и повеќето жени, спаѓате во оние кои секогаш почнуваат диета, обидете се да направите вистинска промена оваа пролет.

Убавото и топло време си бара соблекување на кратки ракави и лесна облека која ќе ги открие сите слатки залаци во кои со големо уживање сме ги уживале за време на зимата. Кога спремно би ја дочекале пролетта и со насмевка би ја истерале пролетната депресија, погледнете ги 20 едноставни чекори кои можат да ви овозможат соблекување во омилените парчиња облека без стрес.



1. Не обидувајте се да направите се одеднаш

Не оптеретувајте се со преголеми цели затоа што неисполнувањето на истите ќе ви донесе голем пакет полн со фрустрации. Сами изберете две до три промени до кои ќе се придржувате. Исфрлете ги грицките и намалете го внесувањето калории навечер, а кога ќе ги освоите и ќе станат составен дел од вашиот ден, додадете си нова промена!

2. Планирањето е клуч на успехот

Тоа не е само изрека, туку е точна вистина. Многу добро знаете што треба да јадете за да бидете здрав и задоволни во својата кожа, но поради забрзаниот и стресен ритам ви се случува да не стигнете да јадете цел ден, па да посегнете по брза и нездрава храна. Овде на сцената настапува планирање. Испланирајте ги своите оброци!

3. Испразнете го вашиот фрижидер и ормари

Ретки се оние кои можат да му одолеат на повикот на чоколадото и слатки скриени на тајни места по вашата куќа. За да го избегнете тоа фрлете ги сите продукти кои можат да ви задаваат главоболка и да го уништуваат вашиот план. Со други зборови - подобро да се спречи, отколку да се лечи!

4. Супа од зеленчук

Секоја диета која содржи помал број калории од онаа на која сте навикнале ве прави ранливи на глад. Трик со кој можете да се послужите за да не попуштите е супата од зеленчук. Здравите состојки како што е лукот, морковите и леќата ќе ве заситат, но нема да ве наполнат со непотребни калории.

5. Заборавете на алкохолот

Ова е многу важен чекор кој е потребен да се направи на самиот почеток на секоја диета. Алкохолот е преполн со калории, а тие сигурно не ви се потребни на патот на кој сте тргнале.



6. Полудете за оревни плодови

Порција од десет оревни плодови на ден ќе го осигура внесувањето на здравни маснотии, протеини и витамин Е во организмот. Јадете ги со некакво овошје во попладневните часови и полесно ќе заборавите на гладот и ќе го преживеете времето до вечерата.

7. Зеленчук, зеленчук и пак зеленчук

Зеленчукот помага во одржувањето на телесната тежина, па затоа е клучен продукт кога сме на диета. Свеж морков или ротквички ќе послужат како одлични грицки кога ќе ви стане тешко, со оглед на тоа дека зеленчукот речиси и нема калории, а главна состојка му е водата, па не мора да се плашите дека ќе се здебелите.

8. Не прескокнувајте го појадокот

Откако 10 до 12 часа на вечер било без храна, телото е подготвено за оброк. Одолжувњето или прескокнувањето на појадокот го забавува метаболизмот, а долгорочно може да биде причина за гоење.

9. Преполовете ја вечерата

Намалувањето на оброкот кој го внесувате во организмот навечер е сигурен пат до успехот, а не мора да биде драматично како што звучи. Се што морате да направите е да ја намалите количината на протеини и јаглеродни-хидрати и да го зголемите внесувањето на зеленчук или салата.

10. Започнете го оброкот со салата

Голема порција зелена салата може да го намали внесот на 120 калории од оброк. Едноставно, се исплаќа!



11. Кажете им чао на слатките предизвикувачи

Спротиставете му се на нагонот да го завршите денот пред телевизорот со голема порција сладолед или грицкајќи чоколаден кекс. Тие грицки пред спиење можат да содржат четвртина од препорачениот внес на дневни калории.

12. Бидете паметни во ресторант

Немојте да упорпастите се поради една вечер во ресторан. Разгледајте го менито и одберете јадења кои нема да го нарушат вашиот диетен режим кој конечно покажува резултат. Јадете риба, морски плодови, зеленчук и салата и наместо алкохол уживајте во вода со лед.

13. Дајте си одмор

Телото не реагира добро на долги периоди диета и изгладнувања, па со тоа еднаш неделно дајте си одмор и дозволете си „специјален оброк“. Притоа, запомнете дека се работи за еден оброк, а не за цел ден и дека не е добро да внесете повеќе од 200 до 250 калории повеќе од вообичаено.

14. Јадете полека

На организмот му се потребни барем 20 минути да сфати дека му е доволно, а тоа во главно значи до 300 калории повеќе од онаа што ни е потребно. За да ја избегнете оваа замка јадете полека. Џвакајте ја храната и одложувајте го приборот за јадење меѓу залаците. Одличен трик е и пиењето вода за време на јадењето.

15. Вклучете ги и пријателите

Известете ги пријателите и членовите на семејството за промената на навиките за да ви помогнат, а не да ви одмогнат во процесот. Избегнувајте го дружењето со кафе и колачи, наместо тоа прошетајте или заедно уживајте во свежо цеден сок од портокал.



16. Растресете ги работите

Доколку веќе подолго време ги јадете истите продукти може да се случи организмот да се навикнал на рутината, а вагата постојано ја покажува истата бројка без разлика на трудот кој го вложувате. Направте промени во бројот на оброци и намирници.

17. Победете ја желбата за слатко

Добар начин е пиењето вода со лед или зелен чај и џвакањето на гуми за џвакање без шеќер или смукање бонбони. И миењето на заби се покажал како добар начин за да ја надминеме желбата за слатко. Звучи невозможно, но докажано е па обидете се!

18. Движете се

Многу е важно за вас, вашата диета и здрајве па затоа обидете се да се движите барем час дневно. Обидете се да одите барем 20 до 30 минути дневни и правете го тоа секој ден. Тоа е поефикасно откако да вежбате како луди во теретана две недели, после што се паѓа во заборав.

19. Не мерете се на вагата!

Поточно, не правете го тоа почесто од еднаш во седум дена, а на вагата застанувајте наутро.

20. Набавете педометар

Возрасна личност на ден би требало да направи 10.000 чекори. Доколку сакате да ги изгубите килограмите ќе морате да направите помеѓу 12.000 и 20.000 чекори. Доколку се возите на работа и од работа во просек правите околу 2.000 чекори. За да си го олесните собирањето и одземањето набавете педометар или бројач на чекори. Тоа е направа во која вреди да се вложи.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...