ВИЦ

Синот го прашува таткото:

- Тато што е тоа таму?

- Па, коњ сине.

- А тато, што е тоа покрај него?

- Тоа е кобила. Таа е неговата жена.

- А тато, што е тоа малото до нив?

- Е тоа синко е ждребе, тоа е нивното дете.

- А каде е неговата жена?

- Сине, само коњите имаат жена...

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Sunday, 06 February 2011 19:02 Здравје

Диетите си бараат упорност и одбивање, а броењето на калории може да биде многу напорно. Сакате ли да го потрошите вишокот енергија и калории, пред да се одлучите за диета, обидете се да направите пресек во основните животни навики. Ви прикажуваме 12 едноставни трикови кои ќе ви помогнат да потрошите дури и од 500 калории на ден...

1 Бидете немирни

Додека седите во канцеларијата, пред телевизорот или пред компјутерот бидете немирни. Истражувањата покажале дека само тресејќи со нозете можете да потрошите околу 300 калории. Додајте овде и неколку прошетки до канцеларијата на соседот или две до три претрчувања до колегите и соседите на спратот и 500 калории ќе исчезнат како на шега.

2. Намалете со оревните плодови

Оревните плодови односно костенливото овошје какви што се оревите, бадемите или лешниците се здрави и ја чуваат енергијата, но исто така овие плодови се и многу калорични. Една шака оревчиња има дури 150 калории.



3. Не јадете пред телевизорот или пред компјутерот

Докажано е дека оброкот пред телевизорот или компјутерот гарантира внесување на 280 калории повеќе отколку оброк на маса. По ручекот, заменете половина час пред телевизорот со пријатна прошетка и 500 калории ќе исчезнат.

4. Јадете помали порции

Употребувајте помали чинии и намалете ги порциите. Нема ни да ја почувствувата разликата, а 500 калории дневно ќе отидат во неповрат.



5. Заборавете на капучиното

Млекото и кајмакот за кафе се многу мрсни, па кажете му збогум на нес-кафето и белото кафе. Ако имате навика за пиење кафе, пијте кратко експреси со малку млеко кое содржи се на се 30 калории.

6. Кажете им збогум на грцките

Смоките, чипсот, солените кикиритки и слични грицки се калориска бомба која по бројот на калории може да го замени речиси целиот ручек. Големо пакување чипс содржи 1260 калории. Избегнувајте ги грцките и ослободете се од непотребното дневно внесување на калории. Ако почувствувате потреба за грицкање, грицкајте солени стапчиња.



7. Кажете им збогум на коктелите

Слатките и вкусни коктели се всушност десерт и содржат повеќе од 800 калории. Ако планирате забава, пијте вино или пијалоци мешани со минерална вода или тоник.

8. Намалете со тестенините

Иако јадењата со тестенини се многу вкусни, креативни и брзи за припрема, тие воедно се и многу калорични. Понекогаш заменете ги тестенините со ориз или зеленчук и со самото тоа сте го намалиле внесувањето на калории.



9. Намалете ги десертите

Ако сакате да јадете благо, обидете се со мали порции. Јадете во ресторан, порачајте еден колач за две личности. Ако сакате пак сами да го испечете колачот, послужете го во мали порции или пак колачот заменете го со вкусно фрапе од свежо овошје.

10. Бидете прав домаќин

Наместо лежење пред телевизорот, бидете креативни и спремете ручек. Отидете до продавничката или блискиот маркет, одберете продукти за ручек, припремете ја храната, сервирајте ја масата и веќе пред ручекот ќе потрошите повеќе од 640 калории.



11. Внимавајте што пиете

Слатки газирани пијалоци се многу калорични, па наместо напијте се часа вода или природен сок помешан со вода и веднаш од старт сте го намалиле внесот на дури 540 калории.

12. Слушајте го своето тело

Кога уживаме во вкусен оброк, често ги занемаруваме првите знаци на ситост. Слушајте го своето тело и кога прв пат ќе почувствувате дека сте го заситиле гладот, станете. Со тоа ќе го спречите ширењето на желудникот и ќе го намалите внесот на храна и калории.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...