Monday, 31 January 2011 16:50 Здравје

Лош здив од устата не е ништо невообичаено. Речиси не постои личност која не се нашла во непријатна ситуација токму поради ваквиот проблем. Ако се уште не сте се обиделе да се ослободите од лошиот здив, еве неколку едноставни и експресни трикови за да го сторите тоа...

1. Жвакајте лисја од мента. Свежата мента ќе ги неутрализира непријатните мириси и ќе ја освежи вашата усна празнина. Исто така, ментата го смирува желутдникот и го подобрува варењето.

2. Забниот конец исто така е одличен борец против лошиот здив. Чистејте ги забите со конец барем еднаш дневно. Со тоа ќе се ослободите од вишокот храна собрана меѓу вашите заби, а со тоа и од бактериите кои предизвикуваат непријатни мириси.

3. Мијте ги забите, но и јазикот барем два пати на ден. Така ќе ја одржувате вашата усна празнина чиста и со самото тоа ќе се ослободите од здивот. Користете паста за заби со вкус на ментол затоа што таа најдобро ќе ги неутрализира мирисите.

4. Редовените прегледи кај стоматолог се многу важни за вашето здравје и за здравјето на вашите заби. Детален преглед како и чистење на насобраниот камен кој не може да се исчисти со четкичка може и тоа како да го реши овој проблем.

5. Пијте многу вода. Дехидрацијата може да биде причина за лошиот здив, па затоа кога и да можете испијте барем чаша вода. Исто така, водата ќе ја испере вашата усна празнина и ќе ги отстрани бактериите.

6. Јаболкото е одличен чистач на заби, па затоа ако сте на работно месо и немате пристап до четкичка и паста за заби, изедете барем една јаболка и освежете го здивот со гума за џвакање без шеќер.

7. Избегнувајте ја храната која содржи кромид и лук, но и кафето и цигарите.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...