Saturday, 04 September 2010 15:58 Здравје

Научниците докажале дека, со мерење на нивото хормонот на стресот, кортозол, тие дури можат да предвидат, дали срцевиуот удар е неизбежен.


Обично кортизолот се мери во урината или во плунката, но овие истражувања го покажуваат нивото на стресот само во моментот на земањето мостра и не можат да обезбедат долгорочен поглед.

За целите на истражувањето д-р Гидеон Корен и д-р Стен Ван Уум од Универзитетот во Западно Онтарио го измериле нивото на кортизолот во прамените од коса.

"Интуитивно ние знаеме дека стресот е штетен, но не е лесно да биде измерен. Знаеме дека, косата расте во просек по еден сантиметар месечно, така што ако земеме прамен од коса, долга 6 сантиметри, може да го утврдиме нивото на стресот за шест месеци", објаснува д-р Корен.

Научниците испитувале 56 мажи во медицинскиот центар Меир во Израел, кои преживеале срцев удар. Тие земале примероци од нивната коса и од косата на учесниците во контролната група. Во косата на сите пациенти, кои преживеале срцев удар било утврдено повисоко ниво на кортизол во последните три месеци пред ударот.

Тоа значи дека меѓу сите познати ризични фактори, високото ниво на кортизол во косата е најсилниот показател на срцев удар во неделите пред тој да се случи, утврдиле научниците.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...