ТОП ВИДЕО |
Saturday, 07 August 2010 08:21
Здравје
Витамините од групата Б како додаток во исхраната се безбедни за употреба, но изгледа не ги заштитуваат луѓето кои преживееле срцев удар или нов мозочен удар... Всушност ризикот да се случи срцев удар или нов мозочен удар кај лицата кои порано имале мозочен удар изнесува 15 до 17% и кај оние кои земале витамини Б и кај оние кои добиле плацебо, утврдиле австралиските експерти од универзитетот во Перт, а пренесува Ројтерс. Тие им препорачуваат на луѓето кои преживеале мозочен удар, наместо со витамини, да се обидат да водат здрав живот, а доколку е потребно и да го избегнат земањето на аспирин или лекови за намалување на холестеролот. Во јуни едно истражување укажало дека витамините Б не ги штитат ниту поединците кои претходно искусиле срцев удар. Од деведесеттите години се појавува надеж дека витамините, особено Б6 и Б12 како и фолната киселина, можат да бидат ефтин и безбеден начин за заштита на срцето. До ова дошло бидејќи некои студии покажале дека кај пациентите со срцеви болести постои високо ниво на амино киселината хемоцистин во крвта. Од таму се појавила идејата дека со намалувањето на нивото на хамоцистин со помош на витамин Б, би можело да се заштити срцето и да се намали ризикот од мозочен удар. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|