ТОП ВИДЕО |
Monday, 29 March 2010 10:46
Здравје
Неквалитетната исхрана кај луѓето може да предизвика зависност, како и кај користењето хероин и пушењето цигари, покажала новата студија... Истражувачите кои ја проучуваат дебелината кај луѓето, откриле дека мастите и слатките оброци ги поттикнуваат истите "центри за задоволство" на мозокот, кои ствараат зависност како дрога, со што се создава желба за консумирање на нездрава храна. "Тоа ги покажува досега најдобрите и најтемелните докази дека зависноста од дрога и дебелината се поврзани на ист невробиолошки механизам", рекол американскиот професор Пол Кени, во студијата објавена во списанието Nature Neuroscience. Тој и неговиот тим на научници од институтот Scripps, во градот Јупитер во Флорида спровеле студија на група лабораториски глувци, поделувајќи ги во две групи. Едната група на глувци биле хранети само со брза храна, како благи пити со кашкавал, сланина и колбаси, додека втората група на стаорци биле хранети со нормална храна. "Во студијата оние глувци кои биле хранети со брза храна, целосно ја загубиле контролата на нивните навики за јадење и покрај благиот електрошок, кој би требало да ги сврти од брзата храна", рекол Кени. Покрај тоа, глувците добивале и награди во облик на благи електрични стимулации, со кои глувците морале да трчаат побрзо во кругот. Научниците забележале дека глувците, кои јаделе само лоша храна, трчале многу подолго по кругот, што сугерира на тоа дека им е потребно повеќе стимуланс, за да се чувствуваат подобро. А исто така откриле дека лошата прехрана го менува хемискиот баланс во рецепторите во мозокот задолжени за чувството на задоволство, а истата работа ја забележале проучувајќи ги глувците, на кои им бил даден хероин и кокаин. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|