ТОП ВИДЕО |
Thursday, 04 March 2010 13:04
Здравје
Откажувањето од вкусната и здрава храна која остава (не)миризлива трага во устата, всушност е лошо решение... Наместо апстиненција од оброци со кромид, лук и некои видови на сирење, на здивот спротивставете се со храна. При тоа доволни се сосема мали количини на одредени видови на храна, или пак дури само нивниот сок. Со рибата во ресторан обично се декорираат и неколку парчиња лимон. Изедете најмалку едно парче лимон за да омекне мирисот од рибата. Во друга прилика можете да порачате минерална вода со парче лимон или пак да земете бонбони за освежување на здивот со вкус на лимон. Лимонската киселина моментално ќе ги неутрализира непријатните бактерии.
2. Магданос и други билки Со џвакање на неколку ливчиња на магданос се испушта масло кое го освежува здивот. Истиот ефект се постигнува со болилек и рузмарин. 3. Јаболка Како чистач на забите и освежувач на здивот, јаболката се навистина најдобри пријатели на усната празнина. Крцкавата круша и морков исто така се ефикасни. Тие имаат висок процент на влакна кои во комбинација со плунка, ефективно ги отстрануваат сите честички кои не се толку пријатни.
4. Егзотични зачини Доколку сте љубители на различни вкусови, пробајте зачини како анасон, кориандрово, резене или ѓумбир. Циметот дури и уништува некои штетни бактерии кои настануваат во усната празнина. Особено се корисни во освежувањето на здивот кое го остава испиената шолја кафе. Не само што ќе се неутрализира мирис во устата, туку и слатко ќе замириса. 5. Овошје и јогурт Одредени видови на овошје и незасладен јогурт не се само ефективни во отстранувањето на лошиот здив, туку можат и да го спречат. Половина шолја јогурт, го намалува нивото на хидроген сулфид (причината за лош здив) во устата. Бобинките и дињите, портокалите, кивите и останатото овошје богато со витамин Ц, исто така ги отстранува миризливите бактерии. Започнете го денот со јогурт и овошје, и можеби никогаш нема да се грижите за ментол бонбоните во својот џеб или чанта. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|