Повеќето се испуштија со килограмите во зимскиот период, затоа сега сакаат да се вратат во форма...
Ако сакате да ослабеете брзо и ефикасно, мора да знаете дека одењето е многу подобро од трчањето. Ако сте спортист или страствен џогер, тогаш сте свесни за важноста на движењето и редовното вежбање.
1. Со одењето се трошат калории и маснотии
Аеробен тренинг се смета оној тренинг кај кој срцето не надминува 120 отчукувања на срцето во минута. Ова е рекреација со подолго траење и со подеднаков интензитет, со цел да се зголеми потрошувачката на калории, а со тоа и масните наслаги.
Со тоа се овозможува на срцето да обезбеди доволно кислород во крвта. Ако срцето надмине 120 отчукувања, тогаш тоа преминува во аеробна работа, што значи дека поради зголемениот напор на срцето, не стигнува крв облагородена со кислород од мускулите. Затоа мускулите бараат други извори и почнувате да се трошите самите себеси.
Оние што немаат кондиција за трчање, многу брзо ќе преминат во аеробна работа на срцето, поради што телото нема да троши масни залихи, туку мускули.
Одењето е лесна аеробна вежба, идеална за почетници и лица со поголема телесна тежина, затоа што за тоа време кај нив е полесно да се контролира работата на срцето, а притоа потрошувачката на калории е речиси еднаква.
2. Одењето го намалува стресот
После трчањето ќе потрошите неколку стотици калории, при што копнежот по храна е толку голем, што е најверојатно дека килограмите ќе си ги повратите.
Од друга страна, за време на одењето количеството на хормонот за стрес, кортизол, се намалува, а се зголемува количеството на сератонин, задолжен за чувството на удобност, како и допаминот и адреналинот, кои го подобруваат расположението и му даваат енергија на телото. Токму со одењето се постигнува помала желба за храна и долгорочно може да се постигнат одлични резултати.
3. Одењето ги штити зглобовите и коските
Оние со прекумерна тежина имаат проблеми кога трчаат, бидејќи им создаваат голем притисок на зглобовите, препоните и колената. Затоа може да дојде до трајна повреда.
Одењето е пасивен облик на вежбање со телото, но сепак е поприроден за телото. Затоа се препорачува на постари лица и оние со здравствени проблеми. За време на одењето, притисокот на колената е многу помал, па така и опасноста од повреди е многу помала.
Совет: Движете се колку што можете повеќе кога и да имате прилика. Ако сакате да се рекреирате, препорачливо е брзо одење во времетраење од 30 - 45 минути.