Без разлика на тоа каков став имате кон утринскиот оброк, тој може да го подобри вашето здравје и позитивно да влијае врз обемот на вашите половини...
Проблемот настанува кога ги одбираме калориските бомби и јадења полни со шеќер и масти, кои имаат спротивно влијание од посакуваното.
1. Избегнуваме протеини - кремастото кафе и колачињата мафини се најчест утрински избор, ако појадуваме на нога, надвор од дома. Овде недостасуваат протеини. Појадокот со протеини ја урамнотежува количината на шеќер во крвта и го намалува чувството на глад. Обидете се да го започнете денот со две варени јајца и јаболко, или јогурт, во кој може да додадете одредено семе.
2. Претеруваме со сок - овошниот сок е одличен извор богат со витамини и минерали, но не е алтернативна конзумација на овошје. Еден просечен портокал содри 60 калории, а една чаша сок од ова овошје речиси двојно повеќе. Сокот има недостиг од хранливи влакна, кои ги има во изобилство во природното овошје. Луѓето што пијат многу сок имаат поголем крвен притисок од оние што го прават тоа повремено.
3. Јадеме погрешни масти - на телото му се потребни доволен број на масти за да функционира нормално. За доволна количина на масти се препорачуваат здрави масти од грчки јогурт со малку насецкани ореви.
4. Вештачки засладувачи - одредени јадења немаат калории, но имаат негативни последици врз нашето тело. Вештачките засладувачи ја нарушуваат рамнотежата на бактериите во желудникот, кои резултираат со зголемена потреба за фруктоза, со цел да се чувствуваат задоволни. Пијте кафе без засладувачи, можете да ставите додаток - цимет, кој ја поттикнува работата на метаболизмот.
5. Предолго чекаме да појадуваме - ако првиот оброк го јадеме дури неколку часа после будењето, големи се шансите дека ќе претераме со јадењето и ќе завршиеме со калорична бомба во раката. Не постои официјален распоред кога треба да го јадеме првиот оброк во текот на денот, треба да внимаваме да не го изгладнуваме телото.
6. Не внимаваме на големината на јадењата - големината на јадењата влијае и врз количината на храната што ја внесуваме во организмот. Луѓето јадат и до 80 калории повеќе кога јадат снегулки со помал облик. Главната причина за тоа е што ја мерат големината, наместо да мерат со кујнска вага.
7. Јадеме премногу обилно - прескокнувањето на појадокот влијае лошо врз организмот, исто како и преголемите оброци. ГОлемите количини на храна го изморуваат телото, го намалуваат метаболизмот и ве успиваат. Наместо тоа, треба да одбираме оброци составени од врамнотежена мерка и јаглени хидрати, кои ни даваат доволно енергија за почеток на работниот ден.