Saturday, 04 April 2015 13:10 Здравје

Дали некогаш сте се прашале што ќе се случи ако не ја миете косата со шампон...



Храбрата Сара Дебум не ја миела својата коса со шампон 6 години и вели дека косата и е подобра од било кога.

Откако одлучила да се откаже од миењето, отишла на одмор во Тајланд, кој траел три недели. Решила да го заборави шампонот.

„Мојата коса никогаш не била повеќе мрсна! Имаше многу првут, ужасно! Ми беше многу срам. Србежот беше неподнослив. Неколку пати прекинав со мојата мисија. Се чувствував како да ми гори главата“, раскажува Сара.

Кога се вратиле од одмор носела марами на глава, но косата ја миела само со вода. Дечкото не сакал да и ја допре косата заради тоа. После 6 недели, првутот се повлекол и косата се вратила во нормала. Сара нагласува дека кај другите луѓе тоа е обично така после три недели, но кај неа било поинакво, затоа што ја миела својата коса секој ден. После 12 недели, се случило чудо.

„Не правев ништо поинакво со мојата коса од моментот кога престанав да користам шампон, а мојата коса едноставно престана да се мрси. Беше брановидна, свилена и блескава. Конечно видов како изгледа кога не ја тероризирам со препарати“, вели Сара.

Поминале веќе 6 години, а Сара се уште нема потреба за шампон или некои други средства за коса. Таа вели дека наидува на негативни и позитивни коментари, но не се откажува од своите идеи.

Признава дека никогаш не се чувствувала подобро и дека заштедила многу пари од различни препарати за коса.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...