Thursday, 18 February 2010 17:09 Здравје

Стопете 3 килограми за 5 дена...

Губењето на килограми не треба секогаш да биде ригорозно и обележано со невкусна храна. Ви претставуваме слатка диета со која за само неколку дена ќе изгубите два до три килограми, а ќе добиете светкав и здрав тен.

Слатката диета или диетата со мед спаѓа во групата на моно-диети кои се применуваат во краток период, односно меѓу 3 до 5 дена. Со такавата исхрана го чистите организмот од токсини, го одмарате желудникот од тешката храна и го поттикнувате метабилизмот да ги отстраните излишните течности од телото. Таа се базира најповеќе на млечни производи и овошје, едноставни јадења, кои се лесни за разградување и варање.


Медот во комбинација со млечни производи и овошје делува лаксативно, а воедно дава енергија која е многу потребна за време на деновите на постот. Оваа диета на организмот му овозможува балансирана исхрана со потребното внесување на протеини, масти и јаглехидрати.

Освен тоа, оваа диета ќе биде вистинска гоздба за вашата кожа, која ќе биде блескава и здрава. Телото исто така ќе биде благодарно, бидејќи благодарение на природните шеќери во храната се произведува серотонин, познат како хормон на среќата.

Еден ден пред да започнете со диетата, организмот го исчистите со внесување на помали оброци дневно.

Појадок
Исцеден сок од портокал, додајте по една лажица јаболков оцет и мед. Тој природен енергетски напиток пијте го на празен желудник. Овој оброк можете да го замените со овошно фрапе од  200 грама јагоди, 100 грама на банани, јогурт и една лажица мед.

Ручек
Овошна салата (во која не смее да се стави само банана) и какао сирење, направено од 200 грама кравјо сирење, 100 грама јогурт, лажица какао во прав и лажица мед.

Попладневен меѓу оброк
Направете шејк од свежи портокали, еден јогурт со ниска масленост, цимет и лажица мед.

Вечера
Можете да изберете помеѓу две банани измешани со лажица мед или 200 грама кравјо сирење помешано со 100 грама јогурт, лажица сушени кајсии и мед.

За слатка ноќ
За мирен и сладок сон, почастете се со топло млеко во кое можете да додадете лажица мед.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...