Friday, 27 February 2015 14:43 Здравје

Научниците тврдат дека ресвератролот, што се наоѓа во виното, го намалува стареењето...



Најновите истражувања покажуваат дека тоа е точно, но премногу ресвератрол, всушност има контра-дејство. Големите количини на вино ги оштетуваат мускулите. Притоа, не се знае колку вино е правилната мера за пиење.

Виното е прогласено за „еликсир на младоста“, но, околу ова се водат многу полемики веќе се години. Научниците потврдуваат дека рествератролот навистина дејствува со долготрајно живеење, но само ако се зема во мали дози. Премногу пиење од оваа супстанца, го забрзува процесот на стареење.

Научниците утврдиле дека оваа хемикалија има различно влијание врз телото, зависно од тоа во колкава количина се конзумира. Лабораториските тестови покажуваат дека малите дози им помагаат на клетките во процесот на закрепнување, но поголеми дози имаат контра-дејство.

„Силните мускули и способноста на мускулите да ги поправат оштетувањата, се многу важни за здрав живот, особено на постара возраст, кога опаѓањето на мускулите може значително да влијае врз влошување на квалитетот на животот. Локалните матични клетки на мускулите минуваат низ циклус кога се обновуваат и на крај се спојуваат со оштетените мускулни влакна. Во мала доза, ресвератролот и помага на оваа регенерација, меѓутоа, како што дозата расте, така тој негативно влијае врз процесот на регенерација“, изјавил доктор Ханс Дегенс од Универзитетот во Манчестер.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...