ТОП ВИДЕО |
Saturday, 13 February 2010 17:26
Здравје
Според американските научници, конзумацијата на чоколадо може да ја намали веројатноста од мозочен удар... ...но и да ги ублажи последиците кои можат да доведат до смрт, кај пациентите кои мозочниот удар веќе го преживеале, објавил порталот ScienceDaily.com. Резултатите од истражувањето, ќе бидат претставени во април на годишниот состанок на Американската академија за неврологија во Торонто, кој се состои од три студии за односот на чоколадо и мозочен удар. Водителката на истражувачкиот тим Sarah Sahib од универзитетот McMaster во канадскиот град Hamilton потсетува дека чоколадото, посебно темниот вид со повисок процент на какао е богата со антиоксиданси флавоноиди кои можат да заштитат од мозочен удар. Но таа исто така предупредила дека е неопходно да се потрошат дополнителни истражувања за да се утврди тоа. Првата од трите студии кај 44.489 луѓе, кои неделно јаделе темно чоколадо, открила дека чоколадото за 22% го намалило ризикот од мозочен удар, отколку кај оние луѓе кои не јаделе чоколадо воопшто. Во втората студија на 1.169 луѓе кои веќе доживеале мозочен удар, а јаделе 50 грама чоколадо дневно, имале 46% помала можност да умрат од последиците на преживеаниот удар, отколку кај луѓето кои не козумирале чоколадо. Третата студија покажала дека не постои никаква поврзаност помеѓу козумацијата на чоколадо и ризикот од мозочен удар. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|