Saturday, 07 February 2015 11:11 Здравје

Многу луѓе понекогаш копнеат многу по благо и се како избезумени во тие моменти...



Експертите велат дека копнеењето кажува дека нашето тело бара нешто што му недостастува.

Сакате нешто слатко, а всушност ви треба хром

Ако јадете слатки, нивото на шеќер во крвта ви се зголемува и се ослободува инсулин.

„Ако внесувате преработен шеќер и јаглени хидрати, одеднаш ќе предизвикате раст на шеќерот во крвта. Вашето тело ќе создава повеќе инсулин за да може да се избори со тоа. Колку повеќе слатки јадете, толку повеќе ќе ги посакувате“, вели нутриционистот Шон Вилкинсон од Лондон.

За да го спречите ова, Вилкинсон советува да внесувате хром, минералот кој го намалува балансот за инсулин и ви помага за контрола на желбата за шеќер.

„Јадете здрав појадок, кој содржи протеини и јаглени хидрати - јајца и леб. Подоцна продолжете со зеленчук, кој ќе го контролира шеќерот во крвта. Ова значи дека кога ќе дојде четири часот попладне, вашето ниво на шеќер нема да падне“, додава Вилкинсон.



Посакувате чоколадо, а всушност ви треба магнезиум

За да го победите овој копнеж, мора да го надополните магнезиумот што ви недостасува. Околу 80% од луѓето не внесуваат доволно магнезиум во текот на денот, затоа не е чудно што на сите ни фали чоколадо.

„Магнезиумот му помага на имунитетот и игра главна улога во балансот на нервниот систем и спречување на анксиозност. Важен е за здравјето на коските. Најдобар начин за да се изборите со овој копнеж е да изедете коцка црно чоколадо, која содржи 70% какао“, вели Вилкинсон.

Храна богата со магнезиум е: спанаќ, бадеми и сончогледово семе. Половина шолја соја содржи половина од дневната потребна доза на магнезиум, но ако ептен не можете без шеќер, можете да се обидете со јогурт со малку масти и банана. Авокадото содржи многу витамини, вклучувајќи и 15% препорачано дневно внесување на магнезиум.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...