Thursday, 29 January 2015 14:37 Здравје

Женските хормони се главни виновници што жените се чувствуваат еден ден како да летаат од среќа, а веќе наредниот се нервозни...



Хормоните се одговорни за сите полови функции кај жените. Тие го условуваат растот и развојот на половите органи, развојот на секундарните полови особини, репродукцијата, обликувањето на коскениот систем и однесувањето. Се зависи во која фаза на менструалниот циклус се наоѓаат.

LH хормонот е лутеинизирачки хормон, кој се лачи од хипофизата. Има големо значење за регулирањето на циклусот и неговото правилно развивање во средината на циклусот, покажува дека жените имаат овулација. Исто така, ако овој хормон е зголемен за време на вториот дел од циклусот, тоа може да укаже на полицистични јајници. Од 14 до 21 ден од циклусот, ќе се чувствувате како после бура. Мозокот го лачи хормонот LH, кој иницира овулација и ја зголемува сексуалната желба.

FSH хормонот е фоликуло-стимулирачки хормон, се лачи од хипофизата и има големо значење за растот на јајце-клетките. Неговата правилна големина е значајна за овулацијата. Овие два хормона практично ја контролираат работата на јајниците и хормоните на јајниците. Кога ќе пораснат многу - најавуваат климакс и нивното количество во климаксот е на многу високо ниво. Од 1 - 7 ден ќе се чувствувате како да сте се разбудиле од ноќен кошмар. Заблагодарете и се на хипофизата, таа го лачи FSH, кој го зголемува производството на естроген. Ќе изгледате одлично.

Прогестеронот е хормон на јајниците и е важен за втората половина од циклусот. Неговото растење вели дека циклусот е овулаторен и дека матката е подготвена за плод. Овој хормон е важен за одржување на бременоста, се додека не се развие плацентата.

Естрадиол е дериват на естроген, кој се лачи од јајниците и по неговиот правилен раст се познава дали ќе дојде до овулација. За нормалниот циклус е важна рамнотежата помеѓу хормоните на хипофизата и јајниците.

Пролактинот е хормон на хипофизата и неговата најважна улога е регулирање на доењето. Има улога и во метаболизмот и се нарекува хормон за стрес, бидејќи расте за време на стрес. Кога пролактинот е висок, нема овулација, а кога е многу зголемен, циклусот изостанува.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...