Saturday, 24 January 2015 11:38 Здравје

Стравот е една од клучните емоции, која ни помага да ја предвидиме и да ја избегнеме опасноста...




Една жена е позната под иницијалите С.М. во медиумите, која не знае што е тоа страв. Поради ретка болест, никогаш не го почуствувала овој вид на емоција. Неодамна го дала првото интервју, во кое ни открива како изгледа светот без страв.

Интервјуто е дел од новата емисија на „NPR“, каде лекарот ја прашува што е тоа страв.

„Да бидам искрена, немам поим што е тоа“, изјавила таа.

Таа не може да почувствува поради оштетување на мозокот, како последица на „Urbach-Wieth“ болеста, од која се заболени 400 луѓе во цел свет. Оваа болест предизвикува недостаток на калциум во организмот и негативно влијае врз мозочната функција. Повлекува со себе низа негативни последици, од кои „помали“ се грапав глас, појава на подочници.

Жената понекогаш се обидува да претпостави што е страв, во тие моменти црта или пишува, но тогаш е тешко да го спореди стравот со било што. Ова не и било вродена болест, порано знаела што значи да се плаши од нешто. Луѓето со вакво или слично пореметување, кое доведува до недостаток на физичка болка, успеваат да преживеат.

С.М. сепак успевала да се извлече секогаш од опасни ситуации.

„Влегов во продавница и го видов мажот на паркингот. Тој ми рече: `Дојди, те молам.`, па му пријдов. Го прашав: `Што ви треба?`. Ме грабна за блузата, ми стави нож под грло и рече дека ќе ме повреди. Реков: `Ајде, направи го тоа`. Му реков: `Ќе се вратам и ќе те искршам`. Упс, дали смеам да го кажам тоа. Извинете, но не бев исплашена тогаш. Од некоја причина ме пушти, се вратив дома“, рекла С.М.

Ова не е единствениот пат кога С.М. била во животна опасност, затоа што и се заканувале и со оружје. Таа знае да ја процени опасноста на ситуацијата, но поради болест не може никогаш инстинктивно и брзо да реагира кога е во опасност.

Постои една ретка ситуација и кога С.М. ќе почувствува страв, по вештачки пат и се зголемува нивото на јаглерод диоксид во крвта. Така чувствува страв, која го опишува како губење на контрола.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...