Tuesday, 13 January 2015 12:06 Здравје

Сигурно ви се случува главата да ви биде полна со негативни мисли и обврски пред да легнете да спиете...



Ако сакате нешто што ќе ве опушти и ќе ви помогне да ги затворите очите пред да си легнете, обидете се со овие пет мантри.

1. Благодарен(на) сум поради...

Вежбањето на благодарност може да го зголеми вашето ниво на среќа, го зголемува имунитетот и ни помага да се смириме и да спиеме. Пред да си легнете, сетете се на сето она за што сте благодарни. Можеби спиете во мрачна соба, но ќе имате светол поглед кон животот.

2. Заборавете на лошите чувства...

Сте слушнале ли за „никогаш не одете нервозни в кревет“? Истражувањата покажуваат дека свртувањето кон негативните емоции пред да одиме во кревет ни ги уништува можностите за добар одмор. Ова не значи дека задолжително треба да ги решите сите конфликти пред спиење, но треба да го исчистите умот од лошите нешта пред да ги затворите очите.

3. Силен/на сум...

Поентата е да се потсетиме на нашите успеси и силни карактеристики. Кога ќе се прифатиме, тогаш започнуваме со среќен живот.

4. Како може да се подобрам...

Пред спиење размислувајте како можете да решите некои проблеми и вашата потсвест ќе дојде до одговор. Обидете се да не лутате во негативни насоки, туку држете се до позитивната верба и така ќе дојдете до одговор.

5. Ќе пронајдам мир...

Ако се вртите во кревет и не можете да се смирите, решението е во повторувањето на мантрата „ќе го пронајдам својот мир“, „ќе го пронајдам својот мир“... Ако повторно тргнете во друга насока, едноставно вратете се повторно кон овој метод.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...