ТОП ВИДЕО |
Thursday, 04 February 2010 15:55
Здравје
Благодарение на генетскиот инженеринг, третманот за дијабетис наскоро би можел да биде многу полесен и поефтин од било кога... Канадските научници генетски модифицирале билка - шафраника (Carthamus tinctorius), сама да произведува инсулин. Во 1992 година канадските научници за прв пат го изолирале инсулинот. Сега повторно им помагаат на дијабетичарите со поевтин начин на произведување на инсулин. Овој напредок би можел значително да ги намали трошковите на лекувањето, кои годишно чинат до 132 милијарди долари. За создавање на евтин инсулин, научниците од универзитетот во Калгари генетски модифицирале билка- шафраника, така што додале човечки ген. Откако генот ќе се активира во оваа широко распространета билка, почнува да произведува инсулин многу побрзо од конвеционалните методи каде што се користат свињи, крави, квасец или бактерии. Ова е прва билка што произведува инсулин и во големи количини. Така наутро земјата може да "порасне" со околу 1 килограм инсулин. Со такви приноси, на површина од околу 65 квадратни километри (околу 6 до 7 илјади хектари) може да се исполни годишната потреба за инсулин за целото население во светот кои имаат дијабетис. Маѓутоа не се сите воодушевени од ова достигување. Некои организации за заштита на околината веруваат дека генетски модифицираната шафраника и попречува на обичната шафраника. Кога би се случило такво нешто, тогаш и обичната би почнала да произведува инсулин, па тој би влегол во човечката исхрана и би можел да предизвика проблеми за оние кои боледуваат од дијабетис. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|