Friday, 15 January 2010 12:11 Здравје

Шопингот можеби не е добар за паричникот, но е корисен за здравјето, покажува новото истражување.

Шетањето по продавниците и носењето тешки пазарски торби е добра вежба, за време на која во просек секоја британка согорува 385 калории неделно, покажало истражувањето.

Британките во просек изминуваат околу 240 км годишно во потрага по пониски цени. Универзалниот шопинг центар "Дебенхамс" подложил 10 купувачи на истражување (пет мажи и пет жени), на кои биле прикачени педометри за мерење калориите и уште 2000 жени за да пресметаат дали шетањето по продавници е корисно за здравјето.

Утврдено било дека жените изминуваат во просек околу 4.8 километри за време на два и пол часа, кои ги поминуваат секоја недела во шопинг. За разлика од нив мажите обично одвојуваат само по 50 минути за шопинг и поминувале само по 2.4 км.

"Истражувањето ни покажа дека Британците сакаат да пазаруват и со задоволство ќе трошат часови во обиколка по продавниците", рече портпаролот на "Дебенхамс". Тој додаде дека воспоставената корист од пазарувањето значи дека физичкото оптоварување и ослабувањето се лесно остварливи преку секојдневните активности.

Сепак, истражувачите утврдиле дека повеќето луѓе не се свесни за тоа дека шопингот е корисен за здравјето. 63% од учесниците во истражувањето не го сметале пазарувањето за соодветна физичка активност, иако истражувачките пресметки покажале дека жените прават просечно по 7300 чекори при секоја турнеја по продавници, што е близу до препорачаните 10 000 чекори на ден.

Скоро половина од жените признале дека пазаруват, додека не капнат од умор, одев со часови без одмор. "Ги повикуваме нашите клиенти да носат педометри при одењето во шопинг за да се убедат сами во резултатите", рече портпаролот на "Дебенхамс".

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...