Saturday, 21 June 2014 08:45 Здравје

Летото веќе дојде, а вие сигурно ќе сакате да се опуштите на плажа во костим за капење. Ако сакате да изгубите неколку сантиметри обемот на стомакот пред летување, ова се пијалоците што ќе ви помогнат во тоа...



Вода со вкус

Најважно е да пиете многу вода кога сакате да ослабните. Меѓутоа водата може многу брзо да ви здодее. Во тој случај можете да и додадете природен вкус со свежно нане, парче лимон или сецкана краставица. Многу важно е да внесувате здрави течности, бидејќи тие ќе ви помогнат со надуеноста и задржувањето на вишокот вода. Затоа стомакот изгледа поголем.



Сок од лубеница

Се додека се без дополнителни шеќери и ароми, природните сокови и шејкови може да бидат одличен начин за освежување и разладување без да внесете многу калории. Не само што ќе ве хидририра, лубеницата е полна и со хранливи состојки.



Ладен чај од мента

Чајот од нане е сам по себе одличен за освежување во летните денови, но се покажа и како одличен сојузник во борбата против маснотии во стомакот. Наутро освежувајте се со домашен леден чај без шеќер.



Фрапе од ананас

Ставете го ананасот во блендер, додадете малку ладна вода и ќе добиете пијалок со одличен вкус како од одмор на најубавата плажа. Притоа ќе внесете и состојки кои се борат со маснотии. Ако притоа додадете и лажичка ленено семе ќе ја направите најдобрата работа за вашиот организам. Лененото семе содржи здрави масни киселини кои помагаат во согорувањето на мастите.



Зелен Чај

Со редовно пиење на зелен чај ќе го намалите ризикот од добивање на рак и срцеви заболувања и ќе ги разградите маснотиите во стомакот затоа што содржи антиоксиданти.



Шејк од црно чоколадо

Црното чоколадо може да ви помогне да ослабеете затоа што го намалува апетитот и ја спречува некотролираната желба за јадење благо и грицки. Имајте во предвид дека шејкот со црно чоколадо има многу калории, затоа најдобро е да го искористите како оброк, а најдоброт е да го испиете за појадок.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...