Thursday, 22 May 2014 08:15 Здравје

Високите температури со себе повлекуваат и помалку облека, која ја открива нашата кожа...



Тоа е добра причина за да го подготвите телото, а еден од основните начини е отстранување на влаката. Направете си домашна паста за депилација ако не сакате да одите во козметички салон.

Потребно:

- 1 чаша шеќер
- 1/4 чаша мед
- Половина лимон
- Стапче за сладолед
- Памучни ленти
- Пченкарен скроб (пченкарно брашно)

Подготовка:

Состојките размешајте ги во еден сад и загрејте ги на најсилната температура 2 минути. Мешајте секои 30 секунди, а кога состојките ќе се стопат и смесата ќе стане хомогена оставете малку да се оладат, па смесата истурете ја во плитка стаклена тегла.

Оставете  целосно да се излади до собна температура и почнете со употреба.

Употреба:

- Пред да почнете со депилација убаво измијте ја кожата со сапун и исушете ја за да ја отстраните секоја трага од маснотии на кожата.

- Нанесете пченкарен скроб на кожата во многу тенок слој, а вишокот отстранете го со дланките. Тоа ќе ги отстрани маснотиите, ќе ја заштити кожата и ќе овозможи полесно чистење на кожата од пастата.

- Со стапчето од сладолед нанесете тенок слој од пастата во насока према растењето на влакненцата и прекријте го со памучна лента.

- Протријте ја лентата, притиснете ја убаво врз пастата со движења во насока према растењето на влакненцата.

- Оставете така да отстои околу 1 минута со брзи движења и повлечете ја траката спротивно од насоката на растот на влакненцата.

- Постапката повторете ја по потреба, односно ако не се отстранети сите влакненца.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...