Wednesday, 30 April 2014 10:41 Здравје

Пејачката Мараја Кери (44) долго време војуваше со килограмите, но конечно ги победи со помош на „пурпурната диета“...



Овој режим на исхрана сугерира да јадете исклучиво пурпурна храна, макар и три пати неделно, и тоа во неограничени количини.

Една од причините за големата популарност на оваа диета е фактот што пурпурната храна содржи антоцијан, кој е силен антиоксиданс, а оваа диета ја подобрува функцијата на кардиоваскуларниот систем, го намалува ризикот од карцином и ја зголемува енергијата.



Така на пример сливите се преполни со витамин Ц и влакна, додека пурпурниот компир е богат со калиум и железо. Познатиот тренер Џејмс Дуган ги опишува боровинките како „суперхрана која треба сите да ја јадат“, затоа што се моќни борци против артритис, послабо памтење и оштетен вид.

Сепак оваа диета има и свои негативни страни, иако пурпурната храна е полна со здрави состојки.



„Одлично е што пурпурната храна е се повеќе достапна за конзумирање, бидејќи претставува одличен извор на антоцијани. Тоа е вид на флавоноид, кој има силно антиоксидантно дејство и ги штити нашите клетки. Нутриционистички гледано, за време на денот пожелно е да конзумирате храна од различни бои. Фокусирањето само на пурпурна храна не е препорачливо, затоа што тоа води кон неврамнотежена исхрана“, вели нутриционистката Елоиз Баскис.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...