Monday, 14 April 2014 13:38 Здравје

За сите болни од хепатитис Ц, па дури и за оние што стигнале до стадиум на цироза на црниот дроб, конечно пристигна нова надеж...



Наместо долгогодишно примање на интерферонски инекции и тешки терапии, во придружба на мачнина, константен умор и депресија, денес овие пациенти можат да се излекуваат со терапија од лекови најмногу за неколку месеци.

Станува збор за комбинација од антивирусни апчиња, кои се дозираат индивидуално според телесната тежина. Неа ја сочинуваат агенсите ABT-450/ритонавир, омбитасвир, дасабувир и рибавирин.

Истражувачите од Центарот за здравствени истражувања во Тексас ја испитувале оваа комбинирана терапија кај 380 пациенти од 78 болници во Шпанија, Германија, Англија и САД. Кај повеќето од нив болеста напредувала до степен на цироза на црниот дроб.

После 12 недели, од 208 болни од хепатитис Ц, кај 191 лица исчезнал вирусот. Во второто истражување учествувале 172 пациенти и после 24 недели дури 165 лица, односно 96% од болните испитаници биле излекувани.

„Тоа е фантастично! Многу се радувам за сите пациенти. Конечно се појави нова надеж за нивната иднина“, рекол главниот истражувач, доктор Фред Пурдед.

Новата комбинација на лекови делува на протеините, поради кои се создава вирусот хепатитис Ц и на тој начин спречува негово размножување и ширење, па така процесот за распаѓање на црниот дроб е спречен.

„На самиот крај, вирусот едноставно исчезнува“, објаснува Пурдед.

Иако се уште не се потврдени неговите потенцијални долгорочни несакани ефекти, се очекува дека овој комбиниран лек до крајот на годината би можел да почне да се применува во поединечно болници на светот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...