Аманда Грис (23) од Флорида е болна од синдром на постојано генитално возбудување, поради што има по 50 оргазми дневно...
На девојката и помагаат нејзиниот дечко, мајката и лекарите, кои и даваат терапија на Аманда за да почне нормално да функционира и да не се измачува повеќе.
Животот со постојана желба за секс звучи смешно и за многумина возбудливо, но кога ќе сфатите дека ова е реалност, тогаш се претвара во ноќен кошмар.
Аманда се возбудува дури и од звук на мобилен телефон, гласна музика и возење со автомобил. Не може да се утврди една причина за нејзините оргазми, бидејќи буквално се ја возбудува, кога е сама, кога е со пријатели, кога оди во продавница и кога е на работа.
„Воопшто не е убаво, може да се каже дека ова е измачување. Оваа болест го контролира мојот живот, кој се претвара во ноќен кошмар“, изјавила Аманда.
Оваа болест и се појавила на Аманда кога имала 8 години, која тогаш со мастурбација си го олеснувала овој проблем.
„Ова ме убива. Морам да се обидувам да се смеам како да не се случува ништо“, додава болната девојка.
Во најтешките таа помислувала дури и на самоубиство, но за среќа се случило нешто и престанала да размислува за тоа. Најтешко и било кога одела на католичко училиште, каде ја учеле дека мастурбацијата и сексот се големи гревови.
„Кога бев дете, не знаев што ми се случува. Мислев дека сум само опседната со секс, морав да мастурбирам за да си олеснам себеси, а секој пат кога го правев тоа чувствував вина“, открива Аманда.
Мажите се плашат од жена со ваква болест
Аманда вели дека имала многу проблеми со мажите, бидејќи се плашат од нејзините проблеми. Невиноста ја изгубила на 20 години, која рекла дека тоа искуство било разочарување, бидејќи тој човек ја злоупотребил нејзината болест за да добие повеќе секс.
Пред неколку години дознала за својата болест преку радио, но повеќето лекари не знаеле како да и помогнат. Така одлучила да и каже на фамилијата за своите проблеми. Тие веднаш ја поддржале и веднаш на лекар и била препишана терапија за контролирање на оваа болест.
Девојката инаку е вљубена во нејзиниот дечко, кој има целосно разбирање за нејзината болест и и помага во лекувањето. Секогаш е со неа и не му пречи препораката на лекарите за да не смеат да имаат секс. Во паркот вежбаат јога се со цел да и се помогне на Аманда.
Што е тоа синдром на „постојано генитално возбудување“?
Станува збор за пореметување поради зголемен доток на крв, мускулите на половиот орган имаат постојана контракција и така се поттикнува оргазам. Ваквата состојба за прв пат била спомената во книги од 2001 г. и досега се забележани 22 такви случаи.