ТОП ВИДЕО |
Tuesday, 29 December 2009 15:20
Здравје
Средствата за дезинфекција ги "учат" бактериите како да станат отпорни на антибиотици... Средствата за дезинфекција можат да поттигнат некои врсти на бактерии да станат отпорни на антибиотици дури и ако не се изложени на тие бактерии. Истражувајќи го однесувањето на бактериите изложени на дезинфекции, ирските микробиолози откриле дека големи количини средства за дезинфекција, кои ги додавале на лабораториските бактерии од типот "pseudomonas aeruginosa", ги потикнале на овие бактерии да станат отпорни не само на дезинфиценсот, туку и на антибиотикот ципрофлоксацин, иако не биле директно изложени. Бактериите "научиле" како од дезинфиценсот или антибиотикот да ги исцрпат и уништат антимикробните агенси, и многу брзо развиле и мутација која им овозможила да станат отпорни на повеќето состојки во антибиотикот, тврди водачот на проектот д-р Жерар Флеминг. Бактеријата "Pseudomonas aeruginosa" најчесто го напаѓа организмот со намален имунитет и е многу честа кај луѓето кои веќе страдаат од други болести, па често се наоѓаат кај луѓето со ХИВ инфекции, кај луѓето кои страдаат од различни форми на рак, шеќерна болест или пациенти со тешки изгореници. Болничкиот персонал со користење а средствата за дезинфекција се обидува да го намали износот на бактерии присутни во просториите на болницата, но резултатите од истражувањата укажуваат на тоа дека бактериите развиле отпорност и може да претставуваат сериозна закана за пациентите на кои, во случај на инфекција, антибиотикот нема да делува доволно силно. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|