Wednesday, 02 April 2014 08:24 Здравје

Ако вежбате и живеете здраво, а сепак не ви се допаѓа тоа, тогаш веројатно правите грешки...



Погледнете кои грешки би можеле да ги направите и како да ги избегнете.

1. Не подлегнувајте на искушенија

Живееме во општество во кое е тешко да се живее здраво. Поради слатките, пекарите и рестораните што ги има на секој агол, многу е тешко да се одолее на искушението.

Кога сте на семеен собир исто така започнуваат прашањата за вашата диета и притисоци дека од еднаш ништо нема да ви биде, поради што може да ви дојде ситуација да се откажете од се и да не одите во ресторан со убава пилешка храна, туку да си нарачате брза храна од автомобилот.

2. Престанете со суплементи

Според списанието „Forbs“, индустријата за суплементи заработила 32 милијарди долари минатата година. Докторите предупредуваат дека суплементите не прават ништо за подобрување на здравствената состојба, туку само мал број на суплементи се ефикасни: рибино масло, витамин Д и „whey“ протеините. Се останато е фрлање на пари, бидејќи тие таблети треба да ги замените со здрава исхрана.

3. Не вежбајте го постојано истото

Немојте да трчате секој ден во теретана на траката како „кардио хрчак“. Кардио вежбањето има големи здравствени предности за намалување на стрес и депресија, но тоа не значи дека не треба да вежбате и нешто друго. Дигајте тегови барем два пати неделно, бидејќи ова ќе го зајакне и ќе го натера метаболизмот да согорува калории и до 36 часа после вежбањето. Ако правите повеќе видови на вежби, тогаш
ќе можете да си дадете и по некој ден пауза, а вашето тело ќе има време да се одмори и брзо да се обликува.

4. Трпеливост

Губењето на килограми не се случува преку ноќ, туку во зависност од тоа како реагира вашето тело. Бидете трпеливи и дисциплинирани, бидејќи од тоа зависи вашиот успех. Најголемата грешка ќе ја направите ако ги слушате туѓите совети. Работете на себе и се ќе дојде на свое место после одредено време.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...