Friday, 28 March 2014 10:21 Здравје

Витамин ц е моќен заштитник на организмот, но неговото прекумерно внесување во организмот може дури и да го загрози здравјето...



Кога сме здрави и сакаме превентивно да се заштитиме од настинка земаме витамин Ц. Ако настинеме тогаш повторно земаме витамин Ц за да се излекуваме побрзо. Меѓутоа, експертите предупредуваат дека внесувањето на поголема количина од 60 милиграми витамин Ц може да предизвика разни заболувања.

Главната улога на витаминот Ц во организмот е борба против слободните радикали, кои се создават како резултат од метаболизмот и ги оштетуваат клетките доколку не се неутрализираат.

Ако на пример во организмот внесете количина од 90 милиграми витамин Ц, тогаш тој се излачува од организмот како вишок. Секојдневно преку здравата исхрана се внесуваат доволни количини од него и нема потреба од дополнително конзумирање на специјални вакви витамински таблети или слично.

Поголемите количини на витамин Ц доведуваат до закиселување на урината, што може и да биде од корист кај одредени заболувања, но кај некои други може да бидат штетни.

Ако сме болни, особено ако имаме висока температура, потребите за витамин Ц се зголемуваат. За секој степен од температурата се зголемува и потребата на организмот до 100 милиграми според забрзувањето на метаболизмот, па така за време на инфекции може да се внесат околу 500 милиграми витамин Ц на ден. Количините поголеми од 2 грами можат да бидат штетни. Ако витаминот Ц се конзумира како додаток во вид на фармацевтски препарати, тогаш не би требало да земате повеќе од 200 милиграми на ден без консултации со лекар.

Зошто е добар витамин Ц:

- Ги спречува оксидативните оштетувања на клетките
- Го подобрува имунитетот
- Го забавува стареењето
- Често се дава како помошно средство за инфекции
- Ја подобрува активноста на мозокот
- Го штити видот
- Ја штити кожата
- Учествува во многу метаболички процеси и ја подобрува апсорпцијата на железо

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...