Tuesday, 25 March 2014 10:46 Здравје

Има многу начини да станете блиски со своето бебе, а еден од најдобрите и најефикасните е допирот...



Целта на оваа масажа не е терапевтска, туку да го продлабочите односот со детето. Кога бебето плаче, тогаш комуницира со нас, бидејќи плачењето е знак дека нешто му треба. Освен блискоста и сигурноста, со оваа масажа се стимулира и циркулацијата и работата на органите.

Користа од масажата за бебиња:

Стимулација

Со масажата се активираат сите системи во телото, развојот на централниот нервен систем, влијаеме позитивно на тонусот на мускулите, растот, освестување на телото и способноста за учење.

Интеракција

Се олеснува комуникацијата помеѓу родителот и детето, кај бебињата се развива чувството на сигурност, љубов и почитување, се користат и развиваат сите сетила, се зајакнува поврзаноста помеѓу возрасните и бебињата.

Опуштање

Масажата придонесува за намалување на хормонот за стрес и зголемување на хормонот за среќа и задоволство, ги опушта мускулите и придонесува за еластичност, бебето може подобро и подолго да спие, полесно се носи со секојдневните стимулации и стресот.

Олеснување

Масажата ги олеснува болките од грчеви, го олеснува исфрлувањето на штетните материи и придонесува за регулирање на столицата, може да ги олеснува и пречките при растењето на првите запчиња или за настинка.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...