Tuesday, 25 March 2014 10:28 Здравје

Иако не се знае како се предизвикува рак, постојат некои работи за кои е докажано дека можат да го зголемат или намалат ризикот...



Не мора да се откажете од слатки

„Многу луѓе што ги познавам мислат дека шеќерот предизвикува рак и дека треба да се избегнува по секоја цена. Вистината е дека на канцерогените клетки им треба шеќер за да се развиваат, но кога пријателите ќе ми кажат дека целосно го исфрлиле шеќерот од исхраната, јас им објаснувам дека не мора да го прават тоа. Тоа не значи дека треба да се препуштите на газирани пијалоци и капкејкс, бидејќи податоците покажуваат дека исхраната која се состои од различни калории како што слатките и таквите напитоци, може да го зголеми ризикот од рак. Но ако се храните правилно и во чинијата секогаш ги имате најдобрите намирници, сосема е во ред понекогаш да се почестите со слатки“, препорачува д-р Нам Тран, невро-онколог и хирург од Флорида.



Сомнителни резултати од ПАП-тестот? Престанете да пушите веднаш!

„Околу 80% од жените биле изложени на ХПВ вирусот пред да влезат во средните години, така што воопшто не ме изненадува кога ќе слушнам од пријател дека добиле такво нешто. Повеќето жени со овој вирус не добиваат рак на грлото на матката. Сепак, не е реткост да оди некој на ПАП-тест и да добие абнормални резултати, кои може да индицираат и предканцерогена состојба. Тоа не значи дека ракот нужно се развива. Претканцерогените клетки може да се отстранат, а пациентот мора да ги остави цигарите за да ја намали можноста да се повтори сето тоа. Истражувањата покажале дека карциногените од чадот може да се пронајдат во женскиот секрет, а тие карциногени ја зголемуваат веројатноста дека ХПЦ вирусот навистина ќе ви наштети“, вели д-р Лорен Стрејхер, професор по гинекологија од Нортвестерн Универзитетот во Чикаго.



Обратете внимание на пријателите

„Минатото лето си поминував убаво со пријателите на базен, кога еден од моите другари помина покрај мене, носејќи само шорцеви за капење. Одеднаш забележав црна дамка на неговиот грб. Веднаш му реков дека мислам дека има меланом, но тој рече дека тоа е само бемка. Подоцна дојде во мојата ординација, го прегледав и навистина имаше меланом. Само доктор може да дијагностицира рак на кожата, но секој може да ги забележи овие промени. Затоа месечните контроли се многу важни, а пријателите можат да ги видат местата кои ние не можеме да ги видиме. Секоја бемка што изгледа сомнително, се појавува одеднаш, ја менува бојата или големината, треба да биде причина за да одите на лекар“, советува д-р Сандра Рид од здружението „Skin Cancer Foundation“.



Грицкајте јаткасто овошје

„Секогаш ги советувам пријателите и семејството да јадат по 30 грами јаткастко овошје дневно. Истражувањето што го извршив покажува дека ова може значително да го намали ризикот од добивање на рак. Моето истражување покажа дека луѓето што јаделе по 30 грами јаткасто овошје имаат 11% помал ризик за добивање на рак“, вели д-р Чарлс Фукс, професор од Хардвард.



Не избегнувајте колоноскопија

„Моите пријатели кои никогаш не биле на ваков преглед се грижат за тоа колку е непријатно. Но, јас секогаш им велам дека тоа не е причина да се коцкаат со своето здравје. Со колоноскопијата можат да се откријат некои промени уште пред да се претворат во рак и тогаш веднаш можат да се лекуваат. Треба редовно да започнете со контроли на 50 години или порано ако вашиот доктор смета дека тоа е потребно. Закажете преглед и направете го тоа“, советува д-р Аманда Сарди, онколог и хирург од медицинскиот центар во Балтимор.



Само една промена од исхраната може да биде доволна

„На семејството и приајтелите секогаш им велам дека свежото овошје апсолутно мора да биде составен дел од нивното секојдневие. Истражувањата покажуваат дека конзумирањето на свежо овошје е во тесна врска со намалувањето на ризикот од добивање на рак. Најдобрите овошја се боровинки, малини, јагоди, портокали, цитрони, лимон, цреши и црвен цитрон“, вели д-р Џералд Гер, онколог-хематолог од центарот за лекување на рак во Њу Хемпшир.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...