Saturday, 15 March 2014 10:57 Здравје

Супстанцата окситцин, позната како „хормон на љубовта“, би можела наскоро да почне да се користи во лекувањето на лицата со анорексија...



Овој „хормон на врзување“ на телото природно се лачи со сексуални односи, за време на породување и доење.

Британски и корејски научници откриле дека окситоцинот значително ја менува неговата склоност кон фиксирање на сликите на намирниците кои не здебелуваат и го отстрануваат „предебелото“ тело во огледалото, сугерирајќи дека овој хормон би можел да се претвори во лек кој ќе им помогне да ја надминат нездравата опседнатост со диета.

Постојат милиони луѓе ширум светот болни од анорексија, вклучувајќи ја секоја 150-та тинејџерка во Велика Британија, што значи дека таа е една од најголемите причини за пореметување на психолошкото здравје на таа возраст. Иако оваа болест најчесто се јавува кај девојките и жените, може да се појави и кај мажите.



Освен проблемите со храна и физичкиот изглед, пациентите кои боледуваат од анорексија често имаат проблеми во социјализација, напнати се и премногу чувствителни на негативни емоции.

Поранешни истражувања покажале дека окситоцинот може да им помогне и на поединечни личности со аутизам, намалувајќи ја нивната напнатост во комуницирањето со другите, како и да ги намали хроничните болки.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...