Веројатно повеќето од нас се изморија од зимата, поради студот и покркатките денови...
Бидејќи не можете ништо да направите кога станува збор времето, но сепак можете да го подобрите вашето расположение и да го намалите стресот, така што ќе го промените вашиот дневен распоред.
07:00 Станете и медитирајте
Истражувањата покажуваат дека практикувањето 10-минутна јога ја подобрува менталната и психолошката состојба и делува одлично за превенција од анксиозност, бес, депресија и раздразливост.
07:30 Направете си омлет
Јајца на око или кајгана, ќе ви помогнат да се наполните со енергија и да бидете нахранети до ручеток, бидејќи се богати со протеини и витамин Б12.
10:30 Исправете се
Можеби звучи бесмислено, меѓутоа вашата (не)исправеност може значително да влијае врз вашите емоции.
13:00 Ресетирајте се
Пренасочете ги малку мислите така што ќе гледате фотографии од природа или цвеќиња на компјутерот. Овој метод е познат како теорија за подобрување на способноста за фокусирање на нашиот мозок, бидејќи на овој начин се одмара на кратко време.
15:00 Измасирајте се
Со масирањето се намалува болката, стресот и се подобрува расположението. Направете си сами брза масажа во канцеларија, соблечете ги чевлите и истријте си ја тениската топка на горниот дел од стапалата. Класичната масажа на раката може исто така да биде високо ефективна.
16:30 Освежете го здивот
Џвакајте мастика кога ќе ве зафати попладневниот стрес и така подигнете ја ефикасноста во работата. Луѓето што џвакаат мастика го намалуваат нивото на кортизол - хормон за стрес и имаат за 67% поголема ефикасност во работата, покажуваат истражувања. Се верува дека џвакањето мастика ја подобрува циркулацијата на крвта и нејзиниот доток во мозокот.
19:00 Јадете морска храна
Ако јадете храна богата со омега-3 масни киселини ќе ги намалите симптомите на депресија за речиси 50%, а харингата и лососот се одличен извор на омега-3.
20:30 Гледајте се во очи
Лачењето на хормонот за поврзаност - окситоцин, се поврзува со чувството за мир и доверба, како и намалување на стресот, а за неговото лачење е потребно да се бакнувате, галите и прегрнувате со саканата личност, како и со гледање очи-во-очи.
22:00 Водете љубов
Веруваме дека нема потреба да објаснуваме за сексот, бидејќи добро познато е дека тој секогаш значително го подобрува човечкото расположение.