Wednesday, 19 February 2014 09:21 Здравје

Ако сакате да бидете сигурни дека вашите козметички производи се целосно природни најдобро е да ги направите сами...

Ние ви нудиме два рецепта - еден балсам за негување на усните, а другиот за нијансирање на усните, кој можете да го направите брзо и лесно, кој воедно ефикасно ги негува усните и ги прави меки и сочни.

Балсам за нега на усните

Состојки:

- Екстракт од ванила или нане-мента (или некоја друга ароматична тревка по ваш избор)
- 2 лажички путер
- 4 лажички восок од пчели
- 3 лажички бадемово масло

Подготовка:

1. Во мала стаклена тегла ставете восок, путер и бадемово масло.

2. Во тенџере ставете околу два прста вода и загревајте се додека не зоврие и не се стопи, па намалете ја температурата.

3. Теглата со состојките ставете ги во вода и размешајте се додека сето тоа не се стопи.

4. Изгаснете го огнот и во теглата додадете го екстрактот или некое ароматично масло.

5. Затворете ја теглата со капак и убаво протресете се додека состојките не се размешаат убаво.

6. Смесата ставете ја во сад за балсам и оставете ја да се излади и убаво да се вклопи.

2 во 1: Балсам за нијансирање на усните и руменило

Состојки:

- 1 свежо цвекло
- 4 лажици маслиново масло
- 2 лажици мед
- неколку капки екстракт од ванила

Подготовка:

1. Ставете ги состојките во блендер.
 
2. Мешајте се додека не се формира воедначена и кремаста смеса.

3. За свеж и природен изглед намачкајте ги усните со балсам или протријте го на ваште образи.

Рок на траење:

- 1 месец во фрижидер

- 2 месеци во замрзнувач

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...