Thursday, 13 February 2014 09:50 Здравје

Темелното чистење на теписи обично го продолжуваме, за пролет, но вие сепак сакате да го исчистите барем еднаш и во зима...



Отстранувањето на нечистотијата и дамки можете да го направите сами во 3 чекори и користење на 3 ефективни природни средства.

Ова се трите најголеми проблеми на тепихот: длабочинска нечистотија од прашина и нечистотија заплеткана во тепихот, дамки и непријатен мирис. Со овие чекори и природни средства, ќе можете да го исчистите вашиот тепих темелно.

1. Средства за длабочинско чистење на теписи:

- ½ чаша сода бикарбона
- 10 капки етерично масло од кедар и 10 капки етерично масло од лимон


Сите состојки ставете ги во пластична кеса и оставете да отстои еден ден. Најпрво морате темелно да го исчистите тепихот со правосмукалка, потоа попрскајте ја целата смеса по површината на тепихот, па испрскајте го со чиста вода и добро истријте го тепихот со четка. Оставете го да отстои најмалку половина час, а потоа повторно исчистете го тепихот со правосмукалка.

2. Средства за отстранување дамки од тепих:

- 3 дл јаболков оцет
- 7 дл сок од лимон
- ½ литар вода
- 1 лажица сода бикарбона
- неколку капки етерично масло од лаванда


Сите состојки ставете ги во сад и измешајте ги добро, па во истиот сад ставете ја четката за перење на килими, па со неа добро истријте ја површината на местата каде што има дамки. Со оглед на тоа што оваа мешавина содржи само природни состојки кои не создаваат пена, тепихот не е потребно да се исплакне, туку после сушењето убаво исчистете го - поминете го со правосмукалка.

3. Средства за отстранување на непријатен мирис од тепих:

- 2 лажици природен течен сапун
- 40 мл бел оцет
- ½ литар топла вода
- 1 лажичка боракс
- 6 капки етерично масло од лимон, 3 капки етерично масло од чајно дрво


Ставете ги сите состојки во сталкен сад и измешајте добро, на крај ставете ја течноста во шише-спреј и додадете вода. Протресете го добро и со спрејот испрскајте ја целата површина на тепихот, оставете го да се исуши околу 20 минути, па исчистете го тепихот со правосмукалка.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...