Monday, 20 January 2014 11:04 Здравје

Иако сокот од портокал може да делува како многу поздрава алтернатива на Кока Кола, тоа е лага, велат експертите...



Овошните сокови веќе долго време се рекламираат како здрав избор, меѓутоа, во последниве години оваа тема стана многу актуелна, со оглед на тоа што содржат речиси иста количина на шеќер како и газираните пијалаци, а имаат и конзерванси, вештачки ароми или бои.

Минатата недела оваа тема станала многу актуелна во Велика Британија, откако Елизабета Чаплин, директорката на основно училиште,  писмено ги замолила родителите да не им даваат вакви сокови на нивните деца.

Неколку дена претходно Сузан Џеб, од Универзитетот во Кембриџ, истакнала дека чаша сок не може да го замени овошјето. Британската влада пак препорачува дневна доза од пет порции овошје или зеленчук, а една од овие порции може да биде заменета и од сок. Сузан верува дека ова е погрешно.

„Овошниот сок не може да биде ист како и овошјето, бидејќи има иста количина на шеќери, исто како и многу газирани пијалаци. Исто така, се пие многу брзо, така што додека да стигне до стомакот, вашето тело веќе не знае дали е тоа сок од портокал или Кока Кола. Многу е лесно да се исфрли сокот од нашата исхрана. Едноставно изедете овошје секогаш кога ќе ви се припие сок. Или пак можете да го разредите сокот со вода, ако толку многу сакате да пиете“, советува Џеб.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...