Tuesday, 14 January 2014 11:39 Здравје

Дојде сезона на грип, кога сите мора да внимаваме да не се разболиме, или пак да закрепнеме што побрзо кога веќе ќе не фати...



Многу луѓе сакаат да се заштитат со природни лекови, затоа ви излегуваме во пресрет со овие неколку совети.

Миење на телото со оцет

Пред бањање, натопете го сунѓерот со разреден оцет и истријте го телото, а потоа истуширајте се со топла вода (не претерано жешка), завијте се во пешкир и веднаш во кревет.

Мешавина на билки

Чај од мешавина на билки за терапевтско потење:

- 20 грама цветови од камилица,
- 20 грама мајчина душица
- 20 грама цветови од липа

Ставете топла вода во оваа мешавина од лековити билки, оставете да отстои 10 минути, а потоа исцедете и пијте по три шолји дневно.

Ехинацеа

За оваа билка се верува дека го зајакнува имунолошкиот систем. Ехинацеа не може да се користи како превентива, туку како лек што ги ублажува веќе настанатите симптоми. Неговиот ефект се чувствува наредниот ден.

Жалфија

Обично од грип ве боли грло, па наместо таблети за шмукање, се користи гаргара со чај од жалфија. Наутро и пред спиење се препорачува најмалку 10 минути гаргара со ваков топол чај.

Можете да си помогнете и со топла вода со една лажичка сол внатре, правете гаргара со ова четири пати на ден.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...