Monday, 13 January 2014 08:45 Здравје

Малите промени се доволни за да живеете здрав и долг живот...

 



Бидете умерени во својата исхрана и бидете позитивни, советува најстариот човек во светот, Американецот Волтер Бренинг (113). Еве до кои принципи тој се уште се придржува.

Јадете умерено

Јадете два пати на ден. Појадувајте убаво и ручајте исто така. Прескокнете ја вечерата.

Луѓето не треба да живеат само за да јадат, туку да јадат за да преживеат.

Здрава исхрана

Иако повремено посакувате брза храна, дајте му предност на овошјето, без разлика дали е сезонско или тропско. Нека ви биде главно јадење. Корисните и здравите намирници, исто како и дисциплинираниот пристап кон исхраната, ќе ви овозможат да живеете без лекови и ќе се чувствувате убаво.

Бидете љубезни

Негативниот став кон животот, мрзоволноста и здодевноста долгорочно гледано, влијаат врз здравјето на луѓето. Чувството што го имаме кога ќе му помогнеме некому е незаменливо.

Дружете се

Разговарајте со луѓето. Така ќе се чувствувате убаво и прифатено. Многу е важно за човекот да не биде сам и осамен, бидејќи таквата состојба може да има трајни ефекти врз менталното и физичкото здравје.

Забавувајте го својот ум

Читајте повеќе, слушајте радио, решавајте крстозбори. Забавувајте го вашиот ум со било што, гледајте филмови, плетете. Веднаш штом ќе му дозволите на вашиот мозок да "лута" натаму, наваму, тој ќе почне да работи полошо.
 
Не штедете се на работа

Работете колку што можете повеќе. Тешката и напорна работа нема да ве убие. Тоа ќе ве поттикне, ќе ве зајакне, ќе ве усреќи и ќе заштедите повеќе пари, што ќе ви даде чувство на сигурност за иднината.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...