Friday, 03 January 2014 09:18 Здравје

Д-р Естер Блум е авторка на книгата "Пештерските жени не се здебелуваат: Древни тајни за брзо слабеење", во која тврди дека тајната за убава линија е исхрана само со намирници кои нашите предци можеле да ги уловат, наберат или ископаат...



Нејзината програма за исхрана вклучува многу овошје, зеленчук и многу месо, верувале или не.

„Преубавите девојки јадат месо“, рекла таа гостувајќи во ТВ емисија, објаснувајќи дека месото е клуч за подигнување на нивото на серотонин и допамин и постигнување на совршена линија.

Таа истакнува дека месото мора да биде од животни што се хранат само со трева, бидејќи само тоа месо ги содржи најважните омега-3 масни киселини.

Свежото овошје, зеленчукот, месото и рибата секогаш имаат помалку калории, отколку преработената храна. Како за пример, таа во емисијата комбинирала органско говедско со здрави малини, бадеми и авокадо.

За ручек предложила сендвич, но, без леб, со парче лосос меѓу два листа од зелена салата, а за вечера макарони со месо, но, наместо вистински макарони, ставила тенко сецкани ленти тиквички.

„Триесет килограми житарици и 15 килограми шеќер, колку што просечно конзумира Американецот, не тера да се чувствуваме уморни, болни и да станеме дебели“, вели Естер.

Таа вели дека исхраната е одговорна за 80% од губењето на тежината, додека останатите 20% се зависни од вежбањето, затоа е неопходно да се вклучи и физичка активност.

Ако ја прифатите оваа диета, докторката тврди дека ќе можете да јадете повеќе.

„Секогаш кога некој од пациентите велат дека јадат здрава храна, а не можат да ослабеат, знам дека тоа е затоа што јадат погрешен вид на здрава храна. Со оваа диета ќе можете да јадете повеќе затоа што ќе јадете за да го забрзате вашиот метаболизам, а не да го забавите.

Д-р Блум тврди дека на нашето тело му се потребни многу помалку јаглени хидрати, отколку што јадеме. Затоа се препорачува да се исфрлат намирниците што содржат многу глутен, а тоа ги вклучува повеќето житарици.

„Мораме да се откажеме од храната што се произведува во фабрика и да и се вратиме на природната храна“, додава Естер.

Оваа диета не ги исклучува целосно јаглехидратите, кои се природни извори на шеќер, како што е овошјето и некои зеленчуци, затоа што претставуваат одличен извор на "гориво".

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...