Thursday, 26 December 2013 08:28 Здравје

Имате кршлива коса и немате сјај? Користете шампон што не е многу агресивен и лосиони за регенерација на косата...



Избегнувајте сушење на косата со врел фен, препорачува италијанската фризерка Моника Вирга.

„Меѓутоа, ако косата е во исклучително лоша состојба, не ви преостанува ништо друго, освен да ја скратите. Не е доволно само да ги сечете краевите, туку половина од должината“, додава таа.

Така ќе се освежи вашата коса, а освен тоа, кратката коса и многу полесно се одржува.



Поттикнете циркулација

Масирајте ја кожата додека ја миете косата. Правете го тоа со врвовите на прстите, во кружни движења. Ова ќе ја стимулира циркулацијата, со што ќе и обезбедите поголема количина на кислород на кожата.



Исушете ја косата со крпа


Кога ќе ја измиете косата, не влечете ја и не мотајте ја. За да го​​ отстраните вишокот на вода, замотајте ја во мека крпа. По малку притискајте ја крпата за да се впие влагата. Потоа исчешлајте ја косата со чешел со широки запци.



Главата надолу

Ако навистина ви треба фен за коса при сушењето, вклучете го на најслабо. Наведнете ја главата и провлекувајте ги прстите преку косата. Кога косата е полусува, ставете неколку капки ленено масло во неа за да стане блескава и да ја заштитите.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...