Monday, 16 December 2013 12:15 Здравје

Празниците се време кога се радуваме, но, тие може да остават лоша „трага“ кај жените кога ќе поминат...



Најчесто празниците си одат, а ние не успеваме да ги облечеме нашите омилени фармерки бидејќи на вагата веќе сме се надминале. Избегнете ги овие неволји за Божиќ и Нова година со 7 трикови, а притоа слободно уживајте во сите деликатеси без грижа на совест.

Испланирајте што и колку ќе јадете

Изберете едно или две вкусни јадења и одредете колку ќе изедете.

Храна во помали чинии

Наметнете си себеси и на гостите помали чинии за да јадете помалку. Сепак внимавајте на количините и не дотурајте си.

Наспијте се

После исцрпниот шопинг, часовите поминати во кујната и други ситуации, без кои празниците не можат да поминат, најмногу ви треба сон. Хормонот за глад, грелин, се излачува прекумерно кога сте лишени од спиење, додека лептинот, хормон кој го предупредува мозокот дека сте полни, работи побавно. Затоа спијте по осум часа секоја ноќ. Ќе бидете изненадени колку полесно ќе одбиете торта кога сте одморени.



Јадете порано

Колку порано ќе го изедете последниот оброк во денот, толку помалку ќе се здебелите.

Пијте вода преку ден


Пред да тргнете на славенички собир, испијте две дополнителни чаши вода кои ќе ве наполнат и ќе ве спречат да се прејадете. Испијте неколку голтки вода и помеѓу секоја чаша алкохолен пијалок за да пиете помалку.

Јадете промислено


Истражувањата покажале дека внимателниот пристап кон јадењето се покажал како ефикасна диета. Со други зборови, реагирањето на знаците на глад и ситост е исто толку важно колку и откажувањето од десерт. Штом ќе почувствувате ситост бегајте подалеку од храната и поразговарајте со член на семејството или пријател што не сте го виделе долго време.

Вежбајте помеѓу оброци

Во овој период од годината кога сите сме во гужви, кој би помислил на вежбање. Меѓутоа, за да ја одржите линијата на телото не мора да вежбате многу. Помеѓу оброци 2 до 3 пати неделно, вежбајте по 15-30 минути брзо одење, со тоа ќе направите многу за себе.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...