Thursday, 05 December 2013 10:44 Здравје

Третманите за разубавување и соодветната козметика помогаат за одржувањето на свежо лице и тело, но, ако сакате да изгледате помлади и без тие помагала, ви нудиме осум едноставни животни навики во кои ќе уживате...



1. Редовен секс

Невропсихијатарот д-р Дејвид Викс, во својата книга "Supeyoung" пишува дека луѓето што имаат секс најмалку четири пати неделно изгледаат 7-12 години помлади од нивните врсници. Здравиот сексуален живот го стимулира лачењето на хормонот за раст, што ја прави кожата еластична и така доаѓа до помладешки изглед.

2. Јадете храна богата со антиоксиданси

Неодамнешно истражување на компанијата „Unilever“ покажало дека редовното конзумирање на рибино масло и храна со антиоксиданси, за само две недели во голема мера можат да ја намалат длабочината на брчките и со тоа да го подмладат вашиот изглед.

3. Со смеење до помлад изглед

За време на истражување во Германија, истражувачите прашале неколку мажи и жени да ја проценат возраста на лице од 170 фотографии. Се покажало дека најчесто лошо ги проценувале насмеаните луѓе, тврдејќи дека се помлади отколку што навистина се.

4. Грижете се за видот

Секогаш кога ќе ви се насолзат очите, под кожата се прави мал жлеб. Како што минуваат годините, вашата кожа ја губи својата еластичност, а таканаречениот „жлеб“ доаѓа до израз и се претвара во длабока брчка. Според наведувањата на бостонскиот дерматолог Ранел Хирш, еден од најдобрите совети (за оние што размислуваат за ботокс во триесеттите години) бил посета на офталмолог и подобра нега на видот.

5. Со физичка активност до подобри гени

Ново истражување од Сан Франциско покажало дека редовното вежбање може да влијае на вашата ДНК. Во ова истражување учествувале двајца браќа близнаци, од кои еден се занимавал со половина час физичка активност секој ден. На крајот се покажало дека некои делови од неговата ДНК изгледаат и до десет години помлади од неговиот брат, кој воопшто не вежбал.

6. Спијте повеќе

Спиењето не само што ви помага за да немате подочници, туку има големо влијание и врз вашиот изглед. Истражувачите од Кливленд докажале дека кожата кај луѓето со проблеми во спиењето, потешко закрепнуваат од надворешните фактори како што е УВ зрачењето.

7. Четкајте ги забите

Со текот на времето забите стануваат се потемни, а колку ви се забите потемни, толку постари изгледате. Според истражување на научната веб-страница PLOS One, луѓето кои што мијат забите два пати дневно изгледаат и до пет години помлади од луѓето што го прават тоа само еднаш дневно.

8. Откажете се од пушењето

Според истражувањето на службеното списание на американски пластични хирурзи, после секоја деценија од пушењето изгледате за две и пол години постари. Според нивните заклучоци, цигарите се виновни за повеќе брчки на усните, веѓите и под носот, како и спуштените образи и подочниците. Со други зборови, лошо е за цело лице.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...