Friday, 15 November 2013 16:13 Здравје

Спортскиот научник Рос Едглеј (28) докажал дека брзото губење на тежината е сепак возможно...



Меѓутоа, предупредил дека овој екстремен експеримент е опасен.

Рос докажал дела за 24 часа може да ослабнете 10 килограми, се разбира, со личен пример. Наведува дека довербата не смее да биде загрозена со она што го гледате на вагата кога ја мерите вашата тежина.

„Се надевам дека мојот експеримент ќе создаде здрав однос помеѓу луѓето и вагата. Менувањето на тежината за краток период зависи од многу фактори, а не само од мастите“, напишал Рос на својот блог.



За време на 24 часа, Едглеј не конзумирал воопшто јаглехидрати, сол или течности, цел ден бил облечен во костим за потење, одел во сауни и сеизбањал со врели купки, кои се користат за извлекување на течноста од телото.

Внесувал и диуретици, витамин Ц и кофеин. На денот на експериментот Рос испил само 100 милилитри вода и отишол 20 пати да мокри.

Рос има убаво објаснување за тоа што се случило за тие 24 часа.



„50% од телото е вода. Значи, од моите 95 килограми, имам 47,5 килограми вода. Но, водата е од суштинско значење за функционирање на виталните органи, затоа експериментот без внесување на течности е потенцијално смртоносен“, рекол Рос и ги предупредува луѓето да не го користат неговиот метод, особено без консултација со лекари.

Она што ќе ги разочара многумина од вас е фактот што за само два часа ја повратил неговата тежина. 10-те изгубени килограми не се масти, туку вода.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...